уторак, 24. мај 2016.

Заврши годинешното првенство

Годинешното првенство речиси во сите категории заврши.
Познати се оние кои се прваци и оние кои директно испаѓаат од лигите.
Останува уште да се одиграат бараж натпреварите и да се комлетираат лигите за наредното првенство.
Со тоа практично од 30 мај одиме на заслужен одмор од неколку седмици и пота почнува Европското првенство во Франција од 10 јуни до 10 јули.

Но тоа незначи дека завршуваат активностите на судиски план, бидејќи веќе што се вели уште од денес треба да се подготвуваме за она што не чека во наредната сезона.

Затоа во наредниот преиод приоритет ќе биде да ги објавиме новите правила на фудбалската игра кои стартуваат од 1-ви јули, а некои насоки ќе се применат веќе од европското првенство во Франција.

Па неколку дена одмор и стартуваме со преводите на измените на новите правила на фудбалската игра.