СРЕЌНА НОВА 2017 ГОДИНА
Почитувани читатели,
ви ја честитам Новата 2017 година со желби за добро здравје, успех на сите полиња (посебно за спортски план) и благосостојба во семејството.
И оваа како и претходните години ќе продолжиме да ги следиме збиднувањата кои се новини во сферата на фудбалското судење, па така во неколку продолженија подетално ќе го образложиме VAR (Video Assistant Referee) системот, од идеја до негова реализација. Ќе ги следиме и новините во поглед на измените и дополнувањата на Правилата на фудбалската игра, потоа делегирањата во нашите најквалитетни лиги и слично.
Исто така ќе започнеме со еден поголем проект кој дополнтелно ќе биде презентиран бидејќи сега е во фаза на идеја, а по разговорите со повеќе луѓе од судиската сфера добива се поголема поддршка.
Затоа уште еднаш ви посакувам успешна натпреварувачка и судиска година и да се дружиме во текот на целата 2017 година.
Со почит,
Авторот.