уторак, 30. јун 2015.

СУПЕР КУПОТ НА УЕФА 2017 ВО СКОПЈЕ

Денеска е голем ден за македонскиот фудбал.
Конечно се оствари сонот на многу генерации за едно големо натпреварување во Македонија.
Извршниот комитет на УЕФА вчера на својот состанок донесе одлука Супер купот на УЕФА за 2017 година да се одржи на Арената Филип II во Скопје. Тоа денеска и официјално го потврди Генералниот секретар на УЕФА Џани Инфантино на прес конференцијата по завршувањето на дводневното собрание на Извршниот комитет на УЕФА во чешката престолнина Прага.
Сега останува уште веднаш сите свои потенцијали  да ги ставиме на располагање  на ФФМ и со заеднички сили на целата нација да се прикажеме во извонредно светло.
Благодариме УЕФА.
Благодариме Мишел Платини.

http://www.uefa.com/uefasupercup/news/newsid=2262118.html


субота, 20. јун 2015.

СРБИЈА СВЕТСКИ ШАМПИОН

Младите репрезентативци на Србија до 20 година денеска станаа Светски шампиони. Во финалниот натпревар го победија Бразил со 2:1 со гол во 117 минута.

Интересно е да се одбележи исправната реакција на асистент судијата при овој напад на Србија од кој беше постигнат победоносниот гол. Имено асистентот правилно процени дека во моментот на додавање на топката играчот со бр.8 од Србија (Максимовиќ) не се наоѓаше во офсајд позиција бидејќи еден играч на Бразил, кој беше поблиску до асистентот, задоцни со неговото излегување, и на тој начин му овозможи на српскиот фудбалер да го продолжи нападот и да постигне гол. Навистина правовремена и одлична проценка на асистенот. Ова може да се оцени и како тешка но исправна одлука бидејќи со таа одлука практично се реши светскиот шампион во оваа категорија.

И главниот судија на овој натпревар се претстави во извонредно светло и одлично го отсуди целиот натпревар во регуларниот тек и во продочженијата од 2х15 минути.

20 June 2015, 07:00 CET (Auckland)
Brazil - Serbia
Referee: Fahad Al Mirdasi (KSA)
Assistant Referee 1: Abdulah Al Shalwai (KSA)
Assistant Referee 2: Abu Bakar Al Amri (OMA)
Fourth Official: Matt Conger (NZL)
Reserve AR: Tevita Makasini (TGA)



среда, 17. јун 2015.

Одигран последниот натпревар за натпреварувачката 2014/2015 година

На 14 јуни со одигрувањето на последниот напревар од младинска конкуренција меѓу екипите на ФК Македонија и ФК Металург, конечно се спушти завесата на фудбалските првенства во Македонија.
Иако натпреварите имаа ревијален карактер бидејќи не менуваа ништо, сепак имаше доста возбудувања и отворена игра од двете страни. Тоа беше проследено и со одличното судење на судиските тројки на овие натпревари, кои се одиграа по доста топло и спарно време.
Сега ќе следува краток одмор за сите актери, а потоа старт на новите подготовки за новата сезона која се очекува да започне за месец и половина или во почетокот на август.

Ова секако дека бара и од фудбаслките судии континуирани физички и теоретски подготовки во очекување на летниот семинар на кој ќе се проверува знаењето од П.Ф.И. и физичката подготвеност за новата сезона.
Ние секако дека ќе ги следиме и збиднувањата на меѓународната сцена со стартот на квалификациите во европските купови и евентуалното ангажирање на нашите судиски тимови. Досегашната практика покажа дека тие се ангажираат дури после второто или третото квалификациско коло бидејќи се во поквалитетните групи.
Но исто така има и доста меѓународни фудбалски настани кои се вредни за следење и тоа Светското првенство за жени во Канада, познатата Копа Америка во Јужна Америка, Светското младинско првенство во Нов Зеланд и т.н.
Значи сепак многу настани за гледање но и за проучување на разните стилови на судење.


среда, 10. јун 2015.

Завршено првенство во сите категории

Со одигрувањето на натпреварите од младинските лиги завршуваат првенствата во фудбал во Македонија. Време е да се сумираат резултатите од направеното и време е да се направи анализа на сите случувања во изминатото првенство.
И иако се чини дека има доволно време, сепак времето во летниот период е кусо и исполнето со настани.
Набрзо ќе почне формирањето на делегатските, судиските и контролорските листи.
Кон крјот на месецот ќе се знаат и противниците на нашите екипи во европските купови.
Во тек се квалификациските натпревари на репрезентациите за европското првенство.
Ние тука сме застапени со една судиска шесторка на чело со Александар Ставрев, неговите помошници Марјан Кировски и Дејан Костадинов, дополнителните помошници зад головите Димитар Мечкаровски и Дејан Јакимовски и четвртиот судија на натпреварот Гоце Петрески. Значи целата наша судиска елита како финале за успешната сезона ќе го води натпреварот во Ла Валета меѓу репрезентациите на Малта и Бугарија. Натпревар кој многу решава во нивната квалификациска група.
Значи овој мал одмор му доаѓа некако како затришје пред бура.
Со оглед на опишаното и ние ќе продолжиме да се дружиме на блогот и во новата сезона уште поактивно ќе се потрудиме да ги исполниме зацртаните цели.