среда, 17. јун 2015.

Одигран последниот натпревар за натпреварувачката 2014/2015 година

На 14 јуни со одигрувањето на последниот напревар од младинска конкуренција меѓу екипите на ФК Македонија и ФК Металург, конечно се спушти завесата на фудбалските првенства во Македонија.
Иако натпреварите имаа ревијален карактер бидејќи не менуваа ништо, сепак имаше доста возбудувања и отворена игра од двете страни. Тоа беше проследено и со одличното судење на судиските тројки на овие натпревари, кои се одиграа по доста топло и спарно време.
Сега ќе следува краток одмор за сите актери, а потоа старт на новите подготовки за новата сезона која се очекува да започне за месец и половина или во почетокот на август.

Ова секако дека бара и од фудбаслките судии континуирани физички и теоретски подготовки во очекување на летниот семинар на кој ќе се проверува знаењето од П.Ф.И. и физичката подготвеност за новата сезона.
Ние секако дека ќе ги следиме и збиднувањата на меѓународната сцена со стартот на квалификациите во европските купови и евентуалното ангажирање на нашите судиски тимови. Досегашната практика покажа дека тие се ангажираат дури после второто или третото квалификациско коло бидејќи се во поквалитетните групи.
Но исто така има и доста меѓународни фудбалски настани кои се вредни за следење и тоа Светското првенство за жени во Канада, познатата Копа Америка во Јужна Америка, Светското младинско првенство во Нов Зеланд и т.н.
Значи сепак многу настани за гледање но и за проучување на разните стилови на судење.


Нема коментара:

Постави коментар