Како подготовка за почетокот на новата натпреварувачка сезона во фудбал, во Охрид од 26 до 29 јули, се одржува редовниот семинар за судиите, помошните судии и контролорите од листите на Првата и Втората македонска лига.
Динамиката на семинарот е предвидена со програмата и тоа:
26 и 27 јули - помошни судии
27 и 28 јули - главни судии
28 и 29 јули - контролори
29 јули - предавање на новите правила за представниците на клубовите.
На семинарот вообичаено ќе се проверува здравствената состојба на судиите и усогласеноста на тежината и висината согласно предвидената таблица од УЕФА и ќе се проверува физичката спремност согласно предвидените тестови од УЕФА.
Покрај ова судиите, контролорите и представниците од клубовите ќе се запознаат со најновите измени и модификации на Правилата на фудбалската игра, донесени од страна на Меѓународниот Борд а кој стапија на сила на 1 јули оваа година.
Да им посакувам успех на сите учесници на семинарот.
Нема коментара:
Постави коментар