Како подготовка за почетокот на новата натпреварувачка сезона во фудбал, во Охрид од 10 до 13 август 2017 година, се одржува редовниот семинар за судиите, помошните судии и контролорите од листите на Првата и Втората македонска лига.
Динамиката на семинарот е предвидена со програмата и тоа:
10 август (четврток) - главни судии
11 август (петок) - главни судии и помошни судии
12 август (сабота) - помошни судии и контролори
13 август (недела) - контролори
На семинарот вообичаено ќе се проверува здравствената состојба на судиите и усогласеноста на тежината и висината согласно предвидената таблица од УЕФА и ќе се проверува физичката спремност согласно предвидените тестови од УЕФА.
Покрај ова судиите и контролорите ќе се запознаат со најновите измени и модификации на Правилата на фудбалската игра, донесени од страна на Меѓународниот Борд а кој стапија на сила на 1 јули оваа година.
Да им посакувам успех на сите учесници на семинарот.
Нема коментара:
Постави коментар