петак, 14. август 2015.

ПОГРЕШНО ПОНИШТЕН ГОЛ НА БАРЦЕЛОНА


Предмет на анализа во овој пост е досудениот офсајд на Суарез и поништениот гол за Барцелона во натпреварот со Севиља од Супер Куп натпреварот.
Имено ако се погледнат добро фотографиите ќе се забележи како настанот е прикажан од агол на две камери, првата негде на средината на трибината и втората камера го следи првиот помошен судија, односно она што тоj го гледа на теренот.










Првите две фотографии од првата камера




















Ова се двете фотографии од истиот настан само со втората камера:

















И од двете снимки многу добро може да се види дека играчот кон кој што е упатена топката не се наоѓа во офсајд, а играчот со број 9 Суарез се наоѓа во офсајд позиција но не влијае на играта. Притоа во моментот во продолжение на акцијата веќе играчот со бр.9 Суарез не се наоѓа во офсајд бидејќи со својата поставеност е зад топката иако пред него нема двајца протвнички играчи. Очигледно е дека во овој случај првиот помошен судија донесе погрешна одлука и дека неоправдано го поништи голот на Суарез кој беше постигнат на исправен начин. Ова е исто така многу добро прикажано во П.Ф.И во делот за Толкувања и примена на П.Ф.И, каде во делот за толкувањето за офсајд е даден графиконот кој пополно соодветствува со прикажаната ситуација од овој натпревар.


Фоторафиите исто така имаат за цел да покажат како е прикажана една ситуација од два различни агли на гледање и колкава е разликата меѓу нив.















Нема коментара:

Постави коментар