среда, 12. октобар 2016.

БРАВО МАКЕДОНЧИШТА, БРАВО МОМЦИ МАКЕДОНЦИ - У21

БРАВО МАКЕДОНЧИШТА, БРАВО МОМЦИ МАКЕДОНЦИ

Еве овој пост на мојот блог и м го посветувам на новите фудбалски херои на Македонија.
Тие се светлата иднина на нашиот фудбал.
Од почетокот ги следев сите натпревари, и кога бевме само по стотина гледачи и кога некои со скепса гледаа на нив по поразот од Исланд во првото коло.
Но јас верува во нив и во мојот другар Милевски.
И еве сега дочекав заедно со 25.000 навивачи гордо да се исправам пред секого и да кажам дека овие млади момци ме направија навистина горд македонец.
Тоа е нашата иднина, тоа е злато вредна македонска генерација.
Имаат право сега да се радуваат и на секого гордо да му погледнат во очи.
Точно така. И во право е Бабунски кога вели дека не сака повеќе да чуе за губитнички менталитет. Па тие само покажаа како со стрплива игра и голема верба во своите можности и невозможното може да се направи возможно.
Секако дека тука е и селекторот кој им вдахна еден нов победнички дух но и промовираше едно големо другарство и заедништво.Тоа најдобро го отсликува и фотографијата од хотелот каде со прекрасна насмевка и прегратка го дочека Барди. Онака таковски и другарски. Веруваше во него и затоа го стави во составот, а тој му врати со најдоброто, со гол. Веруваше во сите играчи од првиот до последниот. И кога им одеше и кога не им одеше остана цврсто на земја и до последниот свиреж на судијата велеше дека не е се готово и дека калкулациите ќе ги прави кога нашите ќе победат. Да тоа е нашиот нов предводник кои некои новинарски пера го нарекоа „доктор“ а кој на времето не му чинеше на еден Вардар.
Ајде сега да уживаме во оваа победа и да го чекаме 1 декември кога ќе биде ждрепката на окоја искрено очекувам да ни падне една Германија или Италија, бидејќи Франција двапати ја надиграфме.
Уште еднаш браво момци, браво наши херои.











Нема коментара:

Постави коментар