Почитувани читатели,
основната идеја на овој блог беше да се следи што ново се случува на полето на фудбалското судење. Како што знаете како примарна цел прво беа објавени преведени Правилата на фудбалската игра (основните 17 правила кои често се предмет на доплна и измени од страна на Меѓународниот борд), настапите на нашите судии на домашна и меѓународна сцена и настап на другите спортски работници, контролори и делегати исто така на меѓународната сцена.
Сега во една серија написи ќе се задржам на незапирливиот пробив на технологијата во осовременување на фудбалската игра. Предмет на опсервација ќе биде како технологијата овозможува да се намалат на минимум погрешните одлуки на судиите во примената на ПФИ, т.е. како да им се овозможи на судиите да донесат правилни одлуки во исклучително комплицирани ситуации се со цел правилна примена и интерпретација на ПФИ. Ќе се задржам на примената на ГЛТ (гол-линија технологијата- „GLT-goal line tehnology“) и ВАР (видео помошен судија - VAR-video assistant referee)
Следејќи го техничко-технолошкиот напредок на сите полиња само прашање на време беше кога овие технолошки иновации ќе се применат и во најконзервативниот спорт - фудбалот.
Затоа денеска ќе ви презентирам видео за тоа колкава сложена технологија се применува во спроведување на примената на ГЛТ (гол линија технологијата), односно примената на Правило 10 - постигнување на гол.
Се работи за ФИФА Светкиот клупски куп во Јапонија во 2012 година. На практичен начин во едно видео со траење од 9 минути може да се види колкава сложена технологија е применета за да се овозможи практична примена на ГЛТ. Оваа технологија веќе се применува и на годинешните натпревари од Лигата на шампионите.
https://www.youtube.com/watch?v=v-YrhySY2RM
Source: FIFATV

Нема коментара:
Постави коментар