петак, 17. април 2015.

17-те свети правила на фудбалската игра

Како и секоја игра така и фудбалската игра се заснова и игра според однапред определени правила кои мора да се почитуваат за да може да се одигра еден натпревар. 
Ова се 17-те свети правила на фудбалската игра според кои се игра фудбал во целиот свет. 
Тоа се правила пропишани од ФИФА (Светската фудбалска асоцијација), чија членка од 1993 година е и Република Македонија.

ПРАВИЛАТА НА ФУДБАЛСКАТА ИГРА СЕ СЛЕДНИТЕ:

Правило бр.1  - ТЕРЕН ЗА ИГРА
Правило бр.2  - ТОПКА
Правило бр.3  - БРОЈ НА ИГРАЧИ
Правило бр.4  - ОПРЕМА НА ИГРАЧИТЕ
Правило бр.5  - СУДИЈА
Правило бр.6  - ПОМОШЕН СУДИЈА
Правило бр.7  - ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАТПРЕВАРОТ
Правило бр.8  - ПОЧЕТОК И ПОВТОРЕН ПОЧЕТОКОТ НА ИГРАТА
Правило бр.9  - ТОПКА ВО И ВОН ИГРА
Правило бр.10- НАЧИН НА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ГОЛ
Правило бр.11- ОФСАЈД
Правило бр.12- ПРЕКРШОЦИ И НЕСПОРТСКО ОДНЕСУВАЊЕ
Правило бр.13- СЛОБОДНИ УДАРИ (директни и индиректни)
Правило бр.14- КАЗНЕН УДАР (пенал)
Правило бр.15- УФРЛУВАЊЕ (аут)
Правило бр.16- УДАР ОД ГОЛ (голманска топка)
Правило бр.17- УДАР ОД АГОЛ (корнер)

Официјалните називи на правилата се со големите букви, додека во заградите се називите кои на.јчесто се употребуваат во секојдневниот говор меѓу публиката

Во понатамошните постови ќе ги разработиме поебединечно сите 17 правила со официјалнот толкување од Бордот на ФИФА. Ќе видиме кои правила може во одредени детали да се модифицираат а кои не трпат модификации и треба да се применуваат како што се презентирани од Бордотна ФИФА.
Единствено задолжен за донесување, измена и толкување на ПФИ е Бордот на ФИФА.
Нешто повеќе за овој Борд, неговиот состав и начинот на донесување на одлуките ќе читате во наредните постови.



1/2 Куп на РМ во кадетска конкуренција меѓу ФК „Металург“ и ФК „Вардар“

Полуфинале КУП на РМ  во кадетска конкуренција- реванш натпревар

Тимови: ФК МЕТАЛУРГ - ФК ВАРДАР 3:2 (1:0)
Место на играње: Општина Илинден - Скопје
Игралиште: стадион на ФК „ИЛИНДЕН“
Датум: 15.04.2015
Почеток: 12.00 часот

СЛУЖБЕНИ ЛИЦА
Главен судија: Стефков Симеон (Скопје)
1.помошен судија: Димитријевиќ Дејан (Скопје)
2.помошен судија: Ицковски Филип (Скопје)
Контролор: Миноски Аце (Скопје)

Напомена: Прв натпревар ФК ВАРДАР - ФК МЕТАЛУРГ 1:0 

ТЕК НА НАТПРЕВАРОТ

За да опишам со каква динамика беше самиот натпревар доволно е да се погледне времето на постигнувањето на головите. Бидејќи првиот натпревар меѓу овие екипи завршил со резултат од 1:0 императив на домашната екипа беше што поскоро да постигне гол. Но во 25 минута беше досуден пенал за Вардар и исклучен домашниот голман. Вардар не успеа да го реализира пеналот бидејќи домашниот резервен голман го одбрани ударот. Ова беше дополнителен мотив домашните да тргнат на се или ништо и се растрчаа по самиот терен. Тоа им се исплатеше и во 42 минута постигнаа гол, што практично значеше дека во вториот дел се тргнува од нула бидејќи резултатот беше израмнет. Во вториот дел домаќините се определија да го бранат овој резултат и да се надеваат на пенали па на секој можен начин се обидуваа да ја задржат топката и по цена да заработуваат картони. Но во 70 минута Вардар постигна гол и практично го презема водството. Ова пак значеше дека сега играчите на Металург повторно треба да ја преземат иницијативата, и набрзо по едно нафрлување од корнер постигнаа гол и поведоа со 2:1, а со тоа му дадоа една нова динамика на натпреварот. Со сите сили трнаа кон голот на Вардар кој пак се обидуваше да го задржи овој резултат преку прекршоци и задржување на играта по прекршоците врз нивните играчи. Затоа оправдано главниот судија го продолжи натпреварот за 5 минути поради ова задржување на време. Она што се случуваше во овие 5 минути продолжение е вистински инфаркт натпревар бидејќи во 90+2 Металург постигна гол и практично значеше дека тој продолжува понатаму. Но и остана со уште еден играч помалку бидејќи неговиот играч во радоста се заборави и го соблече дресот, што пак значеше втор жолт картон за него , односно црвен картон. Но во 90+6 минута, бидејќи натпреварот беше продолжен поради радувањето на играчите на Металург и зачестените измени на Вардар во тие моменти, во еден контра напад играчот со бр.6 од Вардар ја упати топката кон голот на Металург, таа по патот кон голот закачи еден играч од домашните, го измами домашниот голман и влезе во голот. Тоа пак значеше пласман на Вардар во финалето. Ова предизвика бура од радост кај играчите на Вардар и неизмерна тага кај играчите на Металург бидејќи во последните моменти од натпреварот го имаа пласманот во финалето.

Она што посебно ми остави впечаток е крајно фер и коректниот однос на играчите од двата тима што заслужува секаква пофалба. Имено откако беше отсвирен крај на натпреварот еден дел од играчите  на Вардар отидоа да се поздрав и да ги тешат своите другари од Металург, а од друга страна и играчите на Металург, па дури и исклучениот резервен играч со бр.20 од Металург искрено им честитаа на своите другари од Вардар. Потег кој заслужува голема пофалба за двете екипи и затоа го нотирам во овој извештај за да остане забележано во аналите на фудбалот.

КАРТОНИ И ЈАВНИ ОПОМЕНИ

Главниот судија на овој натпревар навистина имаше многу работа па поради тоа додели и 10 жолти и 4 црвени картони. Сите картони беа исправно доделени. 
Жолти картони добија следните играчи: кај Металург бр.4 во 15 минута поради неспортско однесување, бр.6 поради недозволен старт, бр.1 во 26 мин. неспортски однос (удирање на топка во прекин на игра пред да се изведе пеналот), бр.7 во 76 мин. поради недозволен старт, бр.11 во 90+1 мин. поради недозволен старт и бр.6 во 90+3 мин. поради неспортско однесување (втор жолт картон по што доби и црвен картон); кај Вардар бр.6 во 29 мин. поради недозволен старт, бр.1 во 61 мин. поради недозволен старт, бр.8 во 76 мин. поради недозволен старт и бр.11 во 90+1 мин. поради недозволен старт.  
На овој натпревар беа доделени и 4 црвени картони од кои три директни и еден поради втор жолт картон. 
Директни црвени картони беа доделни на играчите со бр.25 (голман) од Металург, поради удирање на противнички играч без топка во својот казнен простор(беше досуден и пенал кој не беше реализиран), бр.20 - резервен играч од Металург во 73 минута, поради тоа што влезе на теренот и крајно грубо и неспортски се однесуваше кон главниот судија, и бр.16 од Вардар во 71 мин. поради груба игра удирање на противнички играч без топка на средината на теренот. Поради втор жолт картон, црвен картон заработи играчот со бр. 6 од Металург во 90+3 мин. поради неспортски однос, соблекување на дрес по постигнат гол од негов соиграч.   
Исправно беше досуден и пенал за екипата на Вардар во 25 мин. по направениот прекршок од страна на домашниот голман врз противничкиот играч со бр.6 за што заработи и црвен картон како што е опишано и погоре.
Во 67 минута беше одстранет Шефот на стручниот штаб на екипата на Металург, поради недолично однесување и приговори на одлуките на главниот судија, на интервенција од главниот судија. Истиот потоа коректно го напушти теренот за игра.

петак, 10. април 2015.

Што следува понатаму на блогот

Она што ќе следува понатму на блогот се Правилата на фудбалската игра (ПФИ).
Имено за да може да се одвива некој натпревар и воопшто некоја игра мора да постојат правила според која таа игра ќе се игра.
Така да и за фудбалската игра постојат правила кои го пропишуваат начинот на игра и до кои мора да се придржуваат сите актери на теренот.
Постојат 17 правила според кои се владеат сите пред, за време и после натпреварот.
Во постовите кои ќе следат ќе бидат објаснети сите правила како што следува.
Секако дека ќе има и стручни коментари а очекувам и коментари од читателите на блогот.
Со тоа сакам да разјаснам некои дилеми кои се појавуваат најчесто поради непознавање на тие правила од страна на јавноста и реакциите кои се јавуваат после донесените одлуки пред, за време и после натпреварот.
Она што недостасува кај нас е недоволната едукација на јавноста и луѓето кои работат во и околу фудбалот, па често пати се коментираат одлуки на судиите без да се знае дека во меѓувреме ФИФА донесла нови насоки во однос на пресудувањето на одредени ситуации.
Со читањето на овие правила точно ќе се види улогата на главниот судија, неговите помошници, дополнителните помошници, тренерите, делегатите, контролорите и другите службени лица пред, за време и по натпреварот.
Ако се забележи се употребуваат термините пред, за време и по натпреварот. 
Токму тука е најголемата дилема и непознаница кај најголемиот дел актери на натпреварите и кај спортската јавност. 
Имено натпреварот не се состои само од играта на теренот и полувремето меѓу нив. 
Организацијата на натпреварот е многу покомплексна работа.
Но целата на овој блог не е организацијата на натпреварот, туку целта е да ја објасни улогата на судиите во целиот тој комплекс на подготовки што се нарекува фудбалски натпревар.
Затоа основата е, како во секоја работа, да се познава законот што го пропишува тоа а во случајов тоа се ПРАВИЛАТА НА ФУДБАЛСКАТА ИГРА (ПФИ).

четвртак, 9. април 2015.

Делегирање официјални лица ВТОРА МФЛ 21 КОЛО

ФК ВЕЛАЗЕРИМИ 77 - ФК ЕУРОМИЛК ГЛ АД
Стадион ФК Влазрими
Датум: 11.04.2015
Време: 16:00
Судијата: Гоцевски  Марјан (Струмица)
1. помошен судија: Петковски Мартин (Куманово)
2. помошен судија: Андевски Бојан (Куманово)
Четврт судија: Сејменов Ристе (Струмица)
Делегат: Захариев Бобан
Контролор: Цветковски Ѓорѓи (Скопје)


ФК ШКУПИ- 1927 - ФК СКОПЈЕ
Игралиште: Стадион Чаир
Датум:11.04.2015
Време:16:00:00
Судијата: Смоквоски Кирил(Прилеп)
1. помошен судија: Мишески Иле(Прилеп)
2. помошен судија: Јовчевски Дарко(Тетово)
Четврт судија: Стојчевски Игор (Скопје)
Делегат: Чурлинов Тихо
Контролор: Величковски Бранко (Крива Паланка)

ФК МЛАДОСТ - ФК ДРИТА АД
Игралиште:СРЦ ,, БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ,, - ОХРИД
Датум:11.04.2015
Време:16:00
Судијата: Стефков Симеон (Скопје)
1. помошен судија: Стојанчевски Марјан (Скопје)
2. помошен судија: Тошевски Саше (Скопје)
Четврт судија:Стојчевски Дарко (Скопје)
Делегат: Димитровски Кочо (Скопје)
Контролор: Ристевски Љубе (Демир Хисар)

КФГ ГОСТИВАР АД - ФК НАПРЕДОК АД
Игралиште: Градски стадион Гостивар
Датум:11.04.2015
Време:16:00:00
Судијата: Ралевски Благојче (Битола)
1. помошен судија: Чагоровски Томче (Битола)
2. помошен судија: Дрнковски Николче (Битола)
Четврт судија: Блажевски Тоде (Битола)
Делегат: Мојсоски Зоре (Македонски Брод)
Контролор: Стојчевски Миле (Скопје)

ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 АД -ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА
Игралиште: Стадион Ѓорче Петров
Датум:11.04.2015
Време:16:00
Судијата: Стојанов Стојанче (Штип)
1. помошен судија: Иванов Сашо (Штип)
2. помошен судија: Ѓорѓиев Ристо (Штип)
Четврт судија: Пилешков Димитар (Штип)
Делегат: Гешоски Благоја (Прилеп)
Контролор:  Ристовски Драган (Куманово)
Делегирани официјални лица за 24 коло Прва МФЛ 11 и 14.04.2015 год.

ФК „РЕНОВА“ - ФК „РАБОТНИЧКИ АД“
Игралиште: Градски стадион Тетово  
Датум:11.04.2015  
Време: 16.00 часот
Главен судија: Шулески Стефче (Охрид)
1.пом. судија: Негриески Кирил (Струга)
2.пом. судија: Тодоровски Живко (Охрид)
4 судија: Бартон Јосип (Тетово)
Делегат: Ангелевски Благојче (Битола)
Контролор: Костенчев Ванчо (Скопје)

ФК „СИЛЕКС АД“ - ФК „ВАРДАР АД“
Игралиште: Стадион Силекс
Датум:11.04.2015  
Време: 16.00 часот
Главен судија: Спиркоски Горан (Прилеп)
1.пом. судија: Костоски Зоран (Прилеп)
2.пом. судија: Митрески Златко (Прилеп)
4 судија: Јорданоски Илчо (Прилеп)
1.доп.пом.судија: Мантев Петар (Неготино)
2.доп.пом.судија: Мавров Васко (Струмица)
Делегат: Стојчевски Синиша (Скопје)
Контролор: Ристески Марјан (Кичево)

ФК „ТЕТЕКС АД“ - ФК „ХОРИЗОНТ ТУРНОВО“
Игралиште: Борис Трајковски Скопје  
Датум:11.04.2015  
Време: 16.00 часот
Главен судија: Ѓорѓевски Далибор (Куманово)
1.пом. судија: Стефановски Орце (Кратово)
2.пом. судија: Манасиев Горан (Велес)
4 судија: Тефику Ндерим (Куманово)
Делегат: Наунов Владимир (Велес)
Контролор: Шуклев Благој (Стојаково)

ФК „БРЕГАЛНИЦА 2008 АД“ - ФК „ПЕЛИСТЕР АД “
Игралиште:Градски стадион Штип  
Датум:11.04.2015  
Време:16:00 часот
Судијата: Мечкаровски Димитар (Скопје)
1. помошен судија: Неделкоски Дејан (Скопје)
2. помошен судија: Петрески Гоце (Скопје)
Четврт судија: Влахо Константин (Скопје)
Делегат: Јовановиќ Зоран (Валандово)
Контролор: Манојлоски Бранко (Тетово)

ФК „ШКЕНДИЈА АД“ - ФК„МЕТАЛУРГ АД“
Игралиште:Градски стадион Тетово
Датум:14.04.2015
Време:16:00
Судијата: Јакимовски Дејан (Скопје)
1. помошен судија: Караколев Никола (Штип)
2. помошен судија: Ширилов Игор (Скопје)
Четврт судија: Мустафи Фатон (Тетово)
Делегат: Бабачиќ Хајро (Скопје)
Контролор: Мировски Ацо (Скопје)



За натпреварот Гибралтар - Македонија У16 развоен турнир

Ова го споделувам само да се види со колкаво непознавање на фудбалската игра некои од нашите поратли се обидуваат да ги омаловажат нашите репрезентации. На развојниот турнир на УЕФА кој се одржуваше во Гибралтар,Македонската фудбалска репрезентација, играчи до 16 години, прими нерегуларен гол. Ќе се обидам да објаснам кои елементи на правилото 8 од Правилата на фудбалската игра, пропишани од ФИФА, беа прекршени при постигнувањето на овој гол: 1. Играчот кој што го изведе почетниот удар во продолжение повторно играше со топката и постигна гол. Дури и неговиот соиграч од десната страна тоа со раката му го сугерира на главниот судија. Според правилото 8 стр.30 - the kicker must not touch the ball again until it has touched another player (играчот несмее да ја допре топката повторно пред да ја допре друг играч). 2. При постигнувањето на голот на теренот беа 12 играчи од Македонија. 11 во бели дресови и 1 играч со маркер (на фотографијата многу добро се забележува тој играч со плав маркер). Ако се има предвид дека судиската 4-ка е од Гиралтар, на овој натпревар покажа тотално непознавање на ПФИ. Затоа би требало нашите портали пред да пренесуваат навредливи коментари, да ги прегледаат снимките и да не се трудат да ги навредуваат младите фудбалери и со тоа да ги фрустрираат и да ги прават неспособни. Јас реагирав и со пост на весникот Гардијан од каде што е преземенена веста, но мислам, и ќе сугерирам и ФФМ со официјален допис да реагира до ФИФА (ако ништо повеќе да се оправдаат нашите деца и ФИФА околу ваквите појави). Во продолжение е мојот пост на сајтот на Гардијан: Ace Minoski - If you see very clearly the goal is not correct and not in force with the rules of Laws of the game. 1. The player touch the ball second time before the ball touch another player (the player who go on the ball of the center is the same player who scored the goal) and 2. On the field is 12 player of Macedonia 11 player with the white shirt and 1 player with the marker). only this is incorrect and referee must be a stop the game and the restart correctly. After that the comment on the text is incorrect. Мислам дека и ова е еден од начините да се реагира. Затоа да и дадеме максимална поддршка на репрезентацијата на која и беше украдена победата.

ПРВ ПОСТ

Овој блог е креиран да овозможи нова свежина во медиумскиот простор за значењето на фудбалскиот судија. 
На овој блог ќе бидат објавувани теми кои се корисни пред се за фудбалските судии но темите што ќе бидат коментирани ќе бидат интересни и за пошироката јавност.
Целта е да се следат современите трендови во оваа сфера.
Ќе се потрудам да дадам и свои мислења и коментари околу развојот на фудбалската игра од судиски аспект.
Ќе има и коментари на одредени ситуации на натпреварите кои можеме да ги гледаме на нашите екрани од домашното првенство, Лигата на шампиони и Лигата на Европа на УЕФА, потоа натпревари од европските и светските шампионати.
Идејата е и спортските работници, контролори и судии да може да се вклучат со свои конструктивни коментари.