петак, 17. април 2015.

1/2 Куп на РМ во кадетска конкуренција меѓу ФК „Металург“ и ФК „Вардар“

Полуфинале КУП на РМ  во кадетска конкуренција- реванш натпревар

Тимови: ФК МЕТАЛУРГ - ФК ВАРДАР 3:2 (1:0)
Место на играње: Општина Илинден - Скопје
Игралиште: стадион на ФК „ИЛИНДЕН“
Датум: 15.04.2015
Почеток: 12.00 часот

СЛУЖБЕНИ ЛИЦА
Главен судија: Стефков Симеон (Скопје)
1.помошен судија: Димитријевиќ Дејан (Скопје)
2.помошен судија: Ицковски Филип (Скопје)
Контролор: Миноски Аце (Скопје)

Напомена: Прв натпревар ФК ВАРДАР - ФК МЕТАЛУРГ 1:0 

ТЕК НА НАТПРЕВАРОТ

За да опишам со каква динамика беше самиот натпревар доволно е да се погледне времето на постигнувањето на головите. Бидејќи првиот натпревар меѓу овие екипи завршил со резултат од 1:0 императив на домашната екипа беше што поскоро да постигне гол. Но во 25 минута беше досуден пенал за Вардар и исклучен домашниот голман. Вардар не успеа да го реализира пеналот бидејќи домашниот резервен голман го одбрани ударот. Ова беше дополнителен мотив домашните да тргнат на се или ништо и се растрчаа по самиот терен. Тоа им се исплатеше и во 42 минута постигнаа гол, што практично значеше дека во вториот дел се тргнува од нула бидејќи резултатот беше израмнет. Во вториот дел домаќините се определија да го бранат овој резултат и да се надеваат на пенали па на секој можен начин се обидуваа да ја задржат топката и по цена да заработуваат картони. Но во 70 минута Вардар постигна гол и практично го презема водството. Ова пак значеше дека сега играчите на Металург повторно треба да ја преземат иницијативата, и набрзо по едно нафрлување од корнер постигнаа гол и поведоа со 2:1, а со тоа му дадоа една нова динамика на натпреварот. Со сите сили трнаа кон голот на Вардар кој пак се обидуваше да го задржи овој резултат преку прекршоци и задржување на играта по прекршоците врз нивните играчи. Затоа оправдано главниот судија го продолжи натпреварот за 5 минути поради ова задржување на време. Она што се случуваше во овие 5 минути продолжение е вистински инфаркт натпревар бидејќи во 90+2 Металург постигна гол и практично значеше дека тој продолжува понатаму. Но и остана со уште еден играч помалку бидејќи неговиот играч во радоста се заборави и го соблече дресот, што пак значеше втор жолт картон за него , односно црвен картон. Но во 90+6 минута, бидејќи натпреварот беше продолжен поради радувањето на играчите на Металург и зачестените измени на Вардар во тие моменти, во еден контра напад играчот со бр.6 од Вардар ја упати топката кон голот на Металург, таа по патот кон голот закачи еден играч од домашните, го измами домашниот голман и влезе во голот. Тоа пак значеше пласман на Вардар во финалето. Ова предизвика бура од радост кај играчите на Вардар и неизмерна тага кај играчите на Металург бидејќи во последните моменти од натпреварот го имаа пласманот во финалето.

Она што посебно ми остави впечаток е крајно фер и коректниот однос на играчите од двата тима што заслужува секаква пофалба. Имено откако беше отсвирен крај на натпреварот еден дел од играчите  на Вардар отидоа да се поздрав и да ги тешат своите другари од Металург, а од друга страна и играчите на Металург, па дури и исклучениот резервен играч со бр.20 од Металург искрено им честитаа на своите другари од Вардар. Потег кој заслужува голема пофалба за двете екипи и затоа го нотирам во овој извештај за да остане забележано во аналите на фудбалот.

КАРТОНИ И ЈАВНИ ОПОМЕНИ

Главниот судија на овој натпревар навистина имаше многу работа па поради тоа додели и 10 жолти и 4 црвени картони. Сите картони беа исправно доделени. 
Жолти картони добија следните играчи: кај Металург бр.4 во 15 минута поради неспортско однесување, бр.6 поради недозволен старт, бр.1 во 26 мин. неспортски однос (удирање на топка во прекин на игра пред да се изведе пеналот), бр.7 во 76 мин. поради недозволен старт, бр.11 во 90+1 мин. поради недозволен старт и бр.6 во 90+3 мин. поради неспортско однесување (втор жолт картон по што доби и црвен картон); кај Вардар бр.6 во 29 мин. поради недозволен старт, бр.1 во 61 мин. поради недозволен старт, бр.8 во 76 мин. поради недозволен старт и бр.11 во 90+1 мин. поради недозволен старт.  
На овој натпревар беа доделени и 4 црвени картони од кои три директни и еден поради втор жолт картон. 
Директни црвени картони беа доделни на играчите со бр.25 (голман) од Металург, поради удирање на противнички играч без топка во својот казнен простор(беше досуден и пенал кој не беше реализиран), бр.20 - резервен играч од Металург во 73 минута, поради тоа што влезе на теренот и крајно грубо и неспортски се однесуваше кон главниот судија, и бр.16 од Вардар во 71 мин. поради груба игра удирање на противнички играч без топка на средината на теренот. Поради втор жолт картон, црвен картон заработи играчот со бр. 6 од Металург во 90+3 мин. поради неспортски однос, соблекување на дрес по постигнат гол од негов соиграч.   
Исправно беше досуден и пенал за екипата на Вардар во 25 мин. по направениот прекршок од страна на домашниот голман врз противничкиот играч со бр.6 за што заработи и црвен картон како што е опишано и погоре.
Во 67 минута беше одстранет Шефот на стручниот штаб на екипата на Металург, поради недолично однесување и приговори на одлуките на главниот судија, на интервенција од главниот судија. Истиот потоа коректно го напушти теренот за игра.

Нема коментара:

Постави коментар