петак, 10. април 2015.

Што следува понатаму на блогот

Она што ќе следува понатму на блогот се Правилата на фудбалската игра (ПФИ).
Имено за да може да се одвива некој натпревар и воопшто некоја игра мора да постојат правила според која таа игра ќе се игра.
Така да и за фудбалската игра постојат правила кои го пропишуваат начинот на игра и до кои мора да се придржуваат сите актери на теренот.
Постојат 17 правила според кои се владеат сите пред, за време и после натпреварот.
Во постовите кои ќе следат ќе бидат објаснети сите правила како што следува.
Секако дека ќе има и стручни коментари а очекувам и коментари од читателите на блогот.
Со тоа сакам да разјаснам некои дилеми кои се појавуваат најчесто поради непознавање на тие правила од страна на јавноста и реакциите кои се јавуваат после донесените одлуки пред, за време и после натпреварот.
Она што недостасува кај нас е недоволната едукација на јавноста и луѓето кои работат во и околу фудбалот, па често пати се коментираат одлуки на судиите без да се знае дека во меѓувреме ФИФА донесла нови насоки во однос на пресудувањето на одредени ситуации.
Со читањето на овие правила точно ќе се види улогата на главниот судија, неговите помошници, дополнителните помошници, тренерите, делегатите, контролорите и другите службени лица пред, за време и по натпреварот.
Ако се забележи се употребуваат термините пред, за време и по натпреварот. 
Токму тука е најголемата дилема и непознаница кај најголемиот дел актери на натпреварите и кај спортската јавност. 
Имено натпреварот не се состои само од играта на теренот и полувремето меѓу нив. 
Организацијата на натпреварот е многу покомплексна работа.
Но целата на овој блог не е организацијата на натпреварот, туку целта е да ја објасни улогата на судиите во целиот тој комплекс на подготовки што се нарекува фудбалски натпревар.
Затоа основата е, како во секоја работа, да се познава законот што го пропишува тоа а во случајов тоа се ПРАВИЛАТА НА ФУДБАЛСКАТА ИГРА (ПФИ).

Нема коментара:

Постави коментар