Како и секоја игра така и фудбалската игра се заснова и игра според однапред определени правила кои мора да се почитуваат за да може да се одигра еден натпревар.
Ова се 17-те свети правила на фудбалската игра според кои се игра фудбал во целиот свет.
Тоа се правила пропишани од ФИФА (Светската фудбалска асоцијација), чија членка од 1993 година е и Република Македонија.
ПРАВИЛАТА НА ФУДБАЛСКАТА ИГРА СЕ СЛЕДНИТЕ:
Правило бр.1 - ТЕРЕН ЗА ИГРА
Правило бр.2 - ТОПКА
Правило бр.3 - БРОЈ НА ИГРАЧИ
Правило бр.4 - ОПРЕМА НА ИГРАЧИТЕ
Правило бр.5 - СУДИЈА
Правило бр.6 - ПОМОШЕН СУДИЈА
Правило бр.7 - ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАТПРЕВАРОТ
Правило бр.8 - ПОЧЕТОК И ПОВТОРЕН ПОЧЕТОКОТ НА ИГРАТА
Правило бр.9 - ТОПКА ВО И ВОН ИГРА
Правило бр.10- НАЧИН НА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ГОЛ
Правило бр.11- ОФСАЈД
Правило бр.12- ПРЕКРШОЦИ И НЕСПОРТСКО ОДНЕСУВАЊЕ
Правило бр.13- СЛОБОДНИ УДАРИ (директни и индиректни)
Правило бр.14- КАЗНЕН УДАР (пенал)
Правило бр.15- УФРЛУВАЊЕ (аут)
Правило бр.16- УДАР ОД ГОЛ (голманска топка)
Правило бр.17- УДАР ОД АГОЛ (корнер)
Официјалните називи на правилата се со големите букви, додека во заградите се називите кои на.јчесто се употребуваат во секојдневниот говор меѓу публиката
Во понатамошните постови ќе ги разработиме поебединечно сите 17 правила со официјалнот толкување од Бордот на ФИФА. Ќе видиме кои правила може во одредени детали да се модифицираат а кои не трпат модификации и треба да се применуваат како што се презентирани од Бордотна ФИФА.
Единствено задолжен за донесување, измена и толкување на ПФИ е Бордот на ФИФА.
Нешто повеќе за овој Борд, неговиот состав и начинот на донесување на одлуките ќе читате во наредните постови.
Нема коментара:
Постави коментар