петак, 4. септембар 2015.

ПРАВИЛО 13 - СЛОБОДНИ УДАРИ





ПРАВИЛО 13 - СЛОБОДНИ УДАРИ

Видови на слободен удар
Слободните удари можат да бидат директни или индиректни.

Директен слободен удар

Ако топката влезе во голот
• ако се постигне гол од директен слободен удар во голот на противничката екипа, голот се
признава,
• ако се постигне гол од директен слободен удар во сопствениот гол, се досудува удар од агол (корнер) за противничката екипа.

Индиректен слободен удар
Начин на покажување

Судијата покажува индиректен удар со подигање на раката над главата. Тој
ја држи  неговата рака во таа положба се додека топката не ја допре друг играч или ако излезе од теренот за игра.

Ако топката влезе во голот
Гол  може да се постигне само ако топката биде допирена од друг играч
пред да влезе во гол, во спротивно:
• ако се постигне гол од индиректен слободен удар во голот на противничката екипа, се досудува удар од гол (гол аут),
• ако се постигне гол од индиректен слободен удар во сопствениот гол, се досудува удар од агол (корнер) за противничката екипа.

Постапка на изведување
За двата слободни удари, директен и индиректен, топката мора да биде во мирување кога
се изведува ударот, и изведувачот не смее да ја допире топката повторно, се додека претходно, не ја допре друг играч.
 
Место на изведување на слободниот удар

Слободен удар во казнетиот простор
Директен или индиректен слободен удар за екипата што се брани:
• сите противници мора да бидат оддалечени најмалку 9,15 m (10 yds) од топката,
• сите противници мора да бидат надвор од казнетиот простор, пред топката да биде во игра,
• топката е во игра кога ќе го напушти казнетиот протстор,
• слободен удар направен  во голамскиот простор,  може да се изведе од било која точка во внатрешноста на голамскиот простор.

Индиректен удар за екипата што напаѓа:
• сите противници мора да бидат најмалку 9,15 m (10 yds) оддалечени од топката се додека таа не е во игра, освен ако тие се на сопствената гол линија помеѓу стативите на голот;
• топката е во игра кога ќе биде допрена и ќе се придвижи;
• индиректен слободен удар досуден во внатрешноста на голманскиот простор, мора да се изведе на лиијата од голманскиот простор, паралелно на гол-линијата, најблиску од местото каде што настанал прекршокот.

Слободен удар надвор од казнетиот простор
• сите противници мора да биде оддалечини најмалку 9,15 m (10 yds) од топката се додека не е во игра;
• топката е во игра кога ќе биде допрена и ќе се придвижи;
• слободенниот удар се изведува од местото каде што настанал или од позиција на топката кога се случила повреда на правилата (во завиност од прекршокот)

Прекршоци и санкции

Ако, при изведување на слободен удар, противник е поблиску до топката од потребното
растојание:
• ударот се повторува,
Ако, кога слободениот удар е досуден за одбранбената екипа во внатрешноста на нејзиниот казнен  простор, а топката, по изведувањето на ударот, не го напуштила казнетиот простор:
• ударот се повторува.

Кога слободниот удар е изведен од страна на играч, освен голманот:
Ако, топката е во игра, и изведувачот ја допира топката повторно (освен со своите
раце
) пред да ја допре друг играч:
• индиректен слободен удар се доделува на противничкиот тим, од местото каде што се наоѓала топката во моментот на прекинот (види Правило 13 – Место на изведување на слободниот удар)

Ако, топката е во игра, и изведувачот ја допира топката со раце, пред да ја допре друг играч:
• слободен удар се доделува на противничкиот тим, од местото каде што се наоѓала топката во моментот на прекинот (види Правило 13 – Место на изведување на слободниот удар)
• казнен удар(пенал) се доделува, доколку прекршок бил направен  внатре во казнетиот простор.

Слободен удар изведен од страна на голманот
Ако, топката е во игра, и голманот  ја допира топката повторно (освен со своите
раце
) пред да ја допре друг играч:
• индиректен слободен удар се доделува на противничкиот тим, од местото каде што се наоѓала топката во моментот на прекинот (види Правило 13 – Место на изведување на слободниот удар)

Ако, топката е во игра, и голманот  ја допира топката повторно со раце, пред да ја допре друг играч:
• слободен удар се доделува на противничкиот тим ако прекршокот бил направен надвор од казнетиот простор, од местото каде што се случил прекршокот (види Правило 13 - Позиција на слободниот удар)
• индиректен слободен удар се доделува на противничкиата екип, ако прекршокот е направен  внатре во казнетиот простор на голманот, од местото каде што се случил прекршокот (види Правило 13 - Позиција на слободниот удар)

Извор /Source: Laws of The Game 2015-2016 page 40 -44

Нема коментара:

Постави коментар