уторак, 1. септембар 2015.

ПРАВИЛО 12 - ПРЕКРШОЦИ И НЕСПОРТСКО ОДНЕСУВАЊЕ

ПРАВИЛО 12 - ПРЕКРШОЦИ И НЕСПОРТСКО ОДНЕСУВАЊЕ

Прекршоците и неспортското однесување се казнуваат со:

Директен слободен удар
Директен слободен удар се досудува за противничкиот тим, ако играчот ги направи следниве седум прекршоци на начин кој според мислењето на судијата, е опасен, небрежен или со употреба на прекумерна сила:
·        го удира или се обиде да го удри противникот,
·        го сопнува или се обиде да го сопне противникот,
·        скока врз противникот,
·        го напаѓа противникот на недозволен начин,
·        го спречува или се обиде да го спречи противникот ,
·        го турка противникот,
·        се внесува во противникот.

Директен слободен удар исто така се досудува за противничкиот тим, ако играчот ги направи следниве три одбрани:
·        го задржува противникот,
·        го плука противникот,
·        ја задржува топката намерно со рака (ова не се однесува на голманот во неговиот казнен простор).
Директниот слободен удар ќе се изведе од местото каде што е направен прекршокот (види Правило 13 - Место од каде се изведува слободниот удар).

Казнен удар (пенал)
Казнен удар ќе се досуди кога играчот ќе направи еден од овие десет прекршоци во сопстевниот казнен простор, без оглед каде во тој момент се наоѓа топката, секако во тој момент да биде во игра.

Индиректен слободен удар
Индиректен слободен удар се досудува за противничкиот тим ако голманот, во неговиот казнен протстор, ги направи следниве четири прекршоци:
·        ја држи топката во своите раце подолго од шест секунди пред да се ослободи од неа,
·        ја допре топката со раце по втор пат кога ќе се ослободи од неа пред да ја допре друг играч,
·        ја допре топката со раце по изведување на слободен удар од играч на својата екипа,
·        ја допре топката со раце по изведување на уфрлување (аут) од играч од неговата екипа.

Со индиректен слободен удар ќе се казни противничката екипа, ако според мислење на судијата, играчот:
·        игра на опасен начин,
·        го попречува нападот на противникот,
·        го спречува голманот да се ослободи од топката од неговите раце,
·        направи било кој прекршок, кој претходно не е опишан во Правилото 12, кога играта е запрена за да се додели опомена (жолт картон) или исклучување (црвен картон).

Индиректниот слободен удар ќе се изведе од местото каде што е направен прекршокот (види Правило 13 - Место од каде се изведува слободниот удар).

Дисциплински мерки
Жолт картон ќе покаже судијата на играчот, замената или резервниот играч кој ќе биде опоменат.
Црвен картон ќе покаже судијата на играчот, замената или резервниот играч кој ќе биде исклучен.
Само на играчот, замената или резервниот играч може да му се покаже црвен или жолт картон.
Судијата е овластен да презема дисциплински мерки од мометот кога ќе влезе на теренот за игра, или додека сеуште е на теренот за игра по последниот свиреж за крај  на натпреварот.
Играчот кој ќе направи прекршок за опомена или исклучување, додека е на теренот или надвор од него, без разлика дали тој е направен врз противникот, својот играч, судијата или помошниот судија, ќе биде дисциплински казнет според природата на направениот прекршок.

Прекршоци за опомена (за жолт картон)
На играчот ќе му биде покажан жолт картон ако направи еден од следните седум прекршоци:
·        неспортски се однесува,
·        постојано зборува или гестикулира,
·        постојано ги крши Правилата на играта,
·        спречува играта да продолжи,
·        се наоѓа на пократко растојание од пропишаното сакајќи да спречи изведување на удар од агол (корнер), слободен удар или уфрлување (аут),
·        го напушта или се враќа на теренот за игра без дозвола на судијата,
·        намерно го напушта теренот за игра без дозвола на судијата.

Замената или резерниот играч ќе бидат опоменати ако направи еден од следните три прекршоци:
·        неспортски се однесува,
·        постојано зборува или гестикулира,
·        спречува играта да продолжи.

Прекршоци за исклучување (за црвен картон)
На играчот ќе му биде покажан црвен картон ако направи еден од следните седум прекршоци:
·        сериозно валкана игра,
·        насилничко однесување,
·        плукање на противничкиот играч или секое друго лице,
·        го спречи протвничкиот тим да постигне гол или спречи сериозна шанса за гол играјќи со рака (ова не се однесува на голманот во неговиот казнен простор),
·        го спречи противникот во очигледна шанса за гол кога тој се движи кон голот, ако тој прекршок се казнува со директен слободен удар и казнен удар (пенал),
·        користи навредливи, вулгарни зборови или навредлив јазик и/или непристојни гестови,
·        добие втора опомена (втор жолт картон) на истиот натпревар.
Играчот, замената или резервниот  играч кој биде исклучен, мора да го напушти теренот за игра и неговата околина и техничката област.

Извор /Source: Laws of The Game 2015-2016 page 37-40




Нема коментара:

Постави коментар