недеља, 30. август 2015.

ПРАВИЛО 11 – ОФСАЈД

ПРАВИЛО 11 – ОФСАЈД

Офсајд позиција
Нема прекршување на правилото со самото тоа што играчот се наоѓа во офсајд позиција.
Играчот се наоѓа во офсајд позиција ако:
·        ако е поблиски до противничката гол линија пред топката и пред претпоследниот противнички играч.
Играчот не е во офсајд позиција ако:
·        ако се наоѓа на својата половина од теренот за игра,
·        тој е во исто ниво (во линија) со препоследниот противнички играч,
·        тој е во исто ниво (волинија) со последните двајца играчи на противничката екипа.

Напаѓачот се казнува
Играчот во офсајд позиција се казнува само ако, во моментот кога топката ќе ја допре или ќе игра со неа играч од неговиот тим, а тој е, според мислењето на судијата, вклучен во активна игра со тоа што:
• се вмешува во играта или
• се вмешува со противникот или
• стекнува предност со самото тоа што се наоѓа во таа позиција.

Напаѓачот не се казнува
Играчот не се казнува кога е во офсајд позиција само ако прими топка директно од:
·        удар од гол (голманска топка),
·        уфрлување (аут),
·        удар од агол (корнер).

Прекршување на правилото и казна
Кога играта е прекината заради офсајд, судијата ќе ја продолжи со досудување на индиректен слободен удар за противничката екипа, од местото каде што во моментот на прекршокот, се наоѓа играчот што го направил прекршокот (погледнете Правило 13 – Место од каде се изведува слободен удар).

Извор /Source: Laws of The Game 2015-2016 page 36

Нема коментара:

Постави коментар