ПРАВИЛО 3 – БРОЈ НА ИГРАЧИ
Број на играчи
Натпреварот се игра меѓу два тима, секој тим со не повеќе од единаесет играчи, од кои еден е голман. Натпреварот не може да започне ако било кој тим се состои од помалку од седум играчи.
Број на измени
Официјални натпреварувања
До три измени максимум може да се користат во било кој натпревар одигран во официјално натпреварување организирано под покровителство на ФИФА, конфедерациите или земјите членки на асоцијацијата.
Правилата за натпреварување во земјата мора да содржат колку резервни играчи може да биде запишани во записникот, а тој број може да биде од три до максимум дванаесет резерни играчи..
Останати натпревари
Во натпреварите на националните "А" тимови, може да има максимум шест измени.
Во сите други натпревари, можат да се користат и повеќе замени, под услов:
• тимовите да постигнат меѓусебен договор за максималниот број на замени,
• судијата да биде информиран за тоа пред натпреварот.
Ако судијата не е информиран пред натпреварот, или ако не се постигне заемен договор пред почетокот на натпреварот, не се дозволени повеќе од шест измени.
Враќање на заменет играч (променето)
Употребата на враќање на измената е дозволено само во најниските нивоа на фудбалот (грасрут / рекреативен), и е предмет на договорот на засегнатите членки на асоцијација.
Постапка замена(променето)
Во сите натпреварувања, имињата на резервните играчи мора да бидат дадени на судијата пред почетокот на натпреварот. Секоја замена чие име не е дадено на судијата не може да земе учество во натпреварот, заменетиот играч неможе да земе понатамошно учество во натпреварот, освен каде што е дозволено враќање на заменетиот играч.
Да се замени еден играч со резервен играч, мора да се почитуваат следниве услови:
• судијата мора да бидат информирани пред да се направи било каква измена,
• замената влегува на теренот за игра откако играчот кој се заменува ќе го напушти теренот и кога резервниот играч ќе добие знак од судијата да влезе во теренот,
• замената влегува на теренот за игра од средишната линија и за време на прекин на натпреварот,
• измената е завршена кога резервниот ирач ќе влезе на теренот за игра,
• од тој момент, резервниот играч станува активен
играч а играчот што бил заменет станува заменет играч,
• играчот што бил заменет понатаму не може да биде дел од натпреварот,
• сите резервни играчи се под надлежност и јурисдикција на судијата, без разлика дали се активни
играчи или не.
Менување место со голманот
Било кој од другите играчи може да го промени местото со голманот, под услов:
• судијата да биде информиран пред да се изврши промената,
• промена да биде направена за време на прекин на играта.
Повреди на правилото и санкции
Ако замената или резервен играч влегува во теренот за игра, без дозвола на судијата:
• судијата ја запира играта (но не веднаш, ако замена или резервниот играч не пречи
на играта),
• судијата го опоменува за неспортско однесување и му наредува да ја напушти
играта,
• ако судијата ја прекинал играта, ја
продолжува со индиректен удар за противничката екипа од местото каде што била
топката во моментот кога играта била прекината (види Правило 13 - Место на
слободен удар)
Ако запишаниот резервен играч влегува на теренот за игра на местото на друг играч
пред почетокот на натпреварот и судијата не е информиран за оваа промена:
• судијата ќе му овозможува на запишананиот резервниот играч во записникот да го продолжи натпреварот,
• нема да преземе дисциплинска мерки против резервниот играч,
• бројот на дозволени замени на конкретниот тим не се намалува,
• судијата ќе достави извештај за инцидентот на соодветните органи.
Ако некој играч го менува местото со голманот, без да биде информиран судијата пред да
се изврши замената:
• судијата овозможува играта да продолжи,
• судијата ги опоменува двајцата играчи за неспортско однесува во првиот прекин
на играта.
Во случај на било кое друго прекршување на ова правило:
• играчите што го направиле прекршувањето на правилото се опоменуваат,
• натпреварот продолжува со индиректен удар за противничката екипа од местото
каде што била топката во моментот кога играта била прекината (види Правило 13 -
Место на слободен удар).
Исклучување на играч и резервен играч
Играч кој ќе биде исклучен пред почетокот на натпреварот може да се замени само со резервен играч запишан во записникот.
Резервниот играч кој ќе биде исклучен, пред почетокот или за време на натпреварот,
не може да се замени во записникот со друг резервен играч.
Извор /Source: Laws of The Game
2015-2016 page 18-21
Нема коментара:
Постави коментар