уторак, 25. август 2015.

ПРАВИЛО 6 – ПОМОШНИ СУДИИ



ПРАВИЛО 6 – ПОМОШНИ СУДИИ

Должности
Двајца помошни судии можат да бидат делегирани со должност, во согласност со одлуките на судијата, да сигнализираат:
• кога целата топката ќе го напушти теренот за игра;
• која екипа треба да изведе удар од агол (корнер), удар од гол (гол аут) или уфрлување (аут);
• кога еден играч може да биде казнет ако се наоѓа во офсајд позиција;
• да сигнализираат кога ќе се побара да се изврши измена;
• кога прекршок или кој било друг инцидент се случува надвор од видокругот на судијата;
• кога е направен прекршок а помошниот судија имаат подобар преглед на ситуацијата од судијата (ова вклучува, во одредени околности, прекршоци сторени во казнетиот простор)
• дали, при изведување на пенал, голманот се движи пред гол линијата пред да е удрена топката и кога топката ја поминала линијата на голот.

Помагање на главниот судија во водење на натпреварот
Помошните судии, исто така, му помагаат на главниот судија во водењето на натпреварот во согласност со правилата на играта.
Во одредени случаи, тие можат да влезат во теренот за игра, за да помогнат во поставувањето на живиот ѕид на далечина  од 9,15 метри (10 yds).
Во случај на несоодветно мешање или несоодветно однесување, судијата ќе го разреши помошниот судија од извршувањето на неговите задачи и за тоа ќе направи извештај до соодветните органи.

Извор /Source: Laws of The Game 2015-2016 page 29

Нема коментара:

Постави коментар