ПРАВИЛО 7 –
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАТПРЕВАРОТ
Периоди на игра
Натпреварот трае две еднакви полувремиња од по 45 минути, освен ако на друг начин заемно не е договорено помеѓу судијата и двата тима. Било каков договор за менување на времетраењето на периодите на игра (на пример, за да се намали секое полувреме на 40 минути поради
недоволна светлина) мора да се направи пред почетокот на натпреварот и мора да се почитуваат Правилата за натпреварување на соодветната федерација.
Одмор меѓу полувремињата
Играчите имаат право на одмор меѓу двете полувремиња.
Интервалот на одморот не смее да надминува 15 минути.
Во Правилата за натпреварување на федерацијата мора да се наведе времетраењето на одморот меѓу двете полувремиња.
Времетраењето на паузата за одмор меѓу полувремињата, може да се измени само со согласност на судијата.
Додаток за изгубеното време
Додаток за изгубено време е на крајот од секое полувреме за изгубеното време поради следниве причини:
• замена на играчи;
• поради повреди на играчите;
• замена или отстранување на повредени играчи од теренот за игра поради укажување лекарска помош;
• задржување на време;
• од било која друга причина.
Надоместокот за изгубеното време е во надлежност на судијата.
Канен удар
Ако треба да се изведе или повторно да се изведе казнен удар, времетраењето на било кое полувреме се продолжува само за да се изведе казнетиот удар и завршува кога има исход од изведувањето.
Прекин на натпреварот
Прекинатиот натпревар ќе се преигра освен ако во Правилникот за натпреварување не поинаку предвидено.
Извор /Source:
Laws of The Game 2015-2016 page 30
Нема коментара:
Постави коментар