ПРАВИЛО 10 – ПОСТИГНУВАЊЕ ГОЛ
ПОСТИГНУВАЊЕ
ГОЛ
Голот е постигнат кога целата на топката ќе ја помине гол
линија, меѓу гредите на голот и под пречката, под услов претходно да нема
повреда на правилата на играта од страна на екипата што го постигнува голот.
ЕКИПА, ПОБЕДНИК НА
НАТПРЕВАРОТ
Екипата што ќе постигне повеќе голови во текот на
натпреварот е победник.
Ако двете екипи постигнат ист број на голови, или
нема голови на натпреварот, натпреварот е нерешен.
НАТПРЕВАРУВАЧКИ
ПРАВИЛА
Кога правилата за натпреварување бараат
победникот од натпреварите да се добие со одигрување натпревар дома и во гости,
единстевена процедура за добивање победник е таа пропишана од Меѓународниот
Борд, и таа пропишува:
- правило на постигнат гол во гости,
- дополнително време (продолженија),
- удари од белата точка (пенали).
ГОЛ ЛИНИЈА
ТЕХНОЛОГИЈА (GLT – goal-line technology)
ГЛТ (GLT) се користи со цел да се утврди дали е
постигна гол како поддршка на одлуката на судијата.
Користењето на ГЛТ мора да биде пропишано со
Правилата за натпреварување на асоцијацијата.
Извор /Source: Laws of The Game 2015-2016 page 35
Нема коментара:
Постави коментар