Облик, материјал
и мерки
Топката е:
• сферична,
• направени од кожа или друг соодветен материјал,
• обемот на топката треба да биде не повеќе од 70
cm (28 in) и не помалку од 68 см (27 in),
• тежина пред почетокот на натпреварот треба да
биде не повеќе од 450 g (16 мл) и не помалку од 410 g (14 мл),
• притисок треба да биде еднаков на 0,6-1,1
атмосфера (600 - 1100 g / cm 2) мерен на морско ниво (изразено во англиски мерки: 8.5 lbs/sq in – 15.6
lbs/sq in).
Замена
на неисправна топка
Ако топката пукне или стане неисправни во текот на
еден натпревар:
• натпреварот ќе биде прекинат
• топката ќе се замени со исправна топка. Натпреварот
ќе продолжи со спуштање на судиска топка од местото каде што топката станала
неисправна, освен ако топката се наоѓала во голманскиот простор, во кој случај
судијата ќе спушти судиска топка на линијата на голманскиот простор, паралелно
со гол линијата, на местото најблиску до местото каде што се наоѓала топката кога
играта била запрена.
Ако топката пукне или стане неисправна за време на
изведување на пенал или за време кога ќе биде удрена и ќе се придвижи напред и
пред да биде допрена од било кој играч или пречката или стативите на голот:
• пеналот се повторува
Ако топката пукне или стане неисправни, додека не
е во игра почетен удар за почетокот на натпреварот, удар од гол, удар од агол (корнер),
слободен удар, пенал или уфрлување (аут):
• натпреварот продолжува соодветно
Топката не може да се менува во текот на
натпреварот, без одобрение од судијата.
Одлуки на Меѓународниот Борд
Одлука 1 (изменето)
Во согласност со
барањата на Правилото 2, одобрени топки за употреба на натпревевари од
официјални натпреваруварања организирани под покровителство на ФИФА или
конфедерациите, условена е употреба на топки со една од следниве ознаки:
• FIFA Quality PRO
• FIFA Quality
• IMS - INTERNATIONAL MATCHBALL STANDARD
Топките кои ги носат
претходните обележја за квалитет, како што се “FIFA Approved”, “FIFA
Inspected” or “International Match Standard” може да се користат во гореспоменатите натпревари до јули 2017 година.
Таква Лого на топка покажува
дека таа е тестирана и официјално е утврдено дека е во согласност со посебни
технички барања, различни за секе лого и ги исполнува минималните спецификации
пропишани во Правилото 2. Листата на дополнителните барања специфични за секоја
од соодветните логоа мора да биде одобрена од страна на Меѓународниот Борд.
Институтите кои ги вршат испитувањата се предмет на одобрување од ФИФА.
На натпреварите организирани
од страна на асоцијациите-членки, исто така, може да се употребуваат топките кои
носат било кое едно од овие три логоа.
Одлука 2
На натпреварите одиграни во
официјални натпреварувања организирани под покровителство на ФИФА, конфедерациите
или членките на асоцијацијата, освен официјалниот грб на асоцијацијата, организаторот
на натпреварот или одобрениот заштитен знак на производителот, дозволено е поставување
на некомерцијални банери на топката.
Прописите за оранизација на натпреварувањето
можат да ги ограничат големината и
бројот на таквите ознаки.
Одлука 3
Каде
што се користи гол-линијата технологијата (GLT), топки со интегрирана
технологија се дозволени, но тие мора да биде “FIFA APPROVED”, “FIFA INSPECTED” или “INTERNATIONAL MATCHBALL
STANDARD” ("ФИФА одобрени", "ФИФА
прегледани" или "МЕЃУНАРОДЕН СТАНДАРД ЗА ТОПКА ЗА ИГРА") (види
"Одлука 1").Извор/Source: FIFA Laws of The Game 2015/2016, page 15-17.
Нема коментара:
Постави коментар