уторак, 18. август 2015.

ПРАВИЛО 4 - ОПРЕМА НА ИГРАЧИТЕ



ПРАВИЛО 4 - ОПРЕМА НА ИГРАЧИТЕ

Безбедност
Играчот не смее да користи опрема, или да носи нешто што е опасно за себе или за друг играч (вклучувајќи и било каков вид на накит).

Основна опрема
Основната задолжителна опрема на играчот се состои од следните посебни делови:
• Маичка или кошула со ракави (дрес) - ако се носи подоблека, бојата на ракавите на подоблеката мора да биде иста со бојата како и ракавите на маичката или кошулата,
• спортски гаќички (шорцеви) - ако се носи подоблека или хулахопки, тие мора да бидат со иста боја како бојата на гаќичките,
• чорапи (штуцни) - ако се примени надворешно заштитна лента или сличен материјал за заштита (претежно на зглобот), тој мора да биде со иста боја како тој дел од чорапите што се носат,
• штитници (костобрани),
• обувки (копачки).

Штитниците
• мора да бидат целосно покриени од чорапите (штуцните),
• да се направени од гума, пластика или сличен соодветен материјал,
• да обезбедат обезбедат разумен степен на заштита.

Бои на опремата на екипите
• Двете екипи мора да носат облека со бои кои се разликуваат едни од други, а исто така се разликуваат и од бојата на дресот на судијата и помошните судии,
• Секој голман мора да носи облека во бои кои го прават различен од другите
играчи, од судијата и помошниот судија.

Повреди на правилото и санкции
Во случај на каква било повреда на овој закон:
• играта треба да се запре,
• играчот виновен за прекинот ќе биде одстранет од теренот за игра од страна на судијата за да ја поправи неговата опрема,
• играчот ќе влезе во игра во првиот прекин на играта кога топката не е во игра, ако тој ја поправил неговата опрема,
• секој играч кој го напуштил теренот за да ја поправи својата опрема,  да го напушти теренот не смее да се врати во игра без дозвола на судијата,
• судијата ќе ја провери опремата на играчот да види дали е корегирана пред да му дозволи повторно да влезат во теренот,
• дозволено е играчот повторно да влезе на теренот, само кога топката е надвор од игра (односно во прекин на игра).
Играч кој треба да го напушти теренот на игра поради повреда на ова правило и кој повторно влегува во полето на игра, без дозвола на судијата, мора да се опомене со жолт картон.

Повторен почеток на играта
Ако играта е запрена од страна на судијата за запишување на картонот:
• натпреварот ќе се рестартира со индиректен слободен удар изведен од страна на еден играч од противничкиот тим,  од местото каде што топката се наоѓал кога судијата го запрел натпреварот (види Правило 13 - Позиција на слободниот удар).



Одлуки на Меѓународниот Борд

Одлука 1

Задолжителна опрема
На основната задолжителна опрема не смее да има никакви политички, верски или лични слогани, изјави или слики.
Екипата чиј играч на основната задолжителна опрема има политички, верски, лични пораки или слики, ќе биде санкционирана од страна на организаторот на натпреварот или од страна на ФИФА.

Подоблека
Играчите не смеат да носат подблеки на кои има соджини кои покажуваат политички, верски, лични слогани, изјави или слики, или реклами, освен логото на производителот.
Играчот / или екипата на играчот, кој носи подблеки на кои има соджини кои покажуваат политички, верски, лични слогани, изјави или слики, или реклами, освен логото на производителот ќе биде санкциониран од страна на организаторот на натпреварот или од страна на ФИФА.

Извор /Source: Laws of The Game 2015-2016 page 22-24 

Нема коментара:

Постави коментар