ПОЧИТУВАНИ,
Дозволете најнапред
да ви го честитам големиот македонски празник Илинден.
Токму почитта кој
овој празник претствува причината што на овој ден сакам да го промовирам првиот
блог на македонски јазик наменет за фудбалските судии во Македонија.
Чувството дека во
Македонија недостасува една ваква содржина каде што ќе се престават успесите на
нашите фудбалски судии, но и недостатокот на простор каде што ќе се најдат
едукативни содржини за позивот фудбалски судија, беше идеја водилка да го
отпочнам креирањето на овој блог.
МИСИЈА
Мисијата на
блогот е преку објавување на разни содржини поблиску да се објасни позивот
фудбалски судија за пошироката јавност, значењето на фудбалскиот судија за
одвивањето на еден натпревар, овозможивањето на едукација на судиите па и
пошироката јавност преку запознавање со Правилата на фудбалската игра како и
значењето на контролорите, инструкторите и менторите во создавањето на успешна
кариера на еден фудбалски судија.
ВИЗИЈА
Создавањето на
солидна основа промоција и развој на позивот фудбалски судија преку будење на
интересот на јавноста и младата популација за вклучување во организираниот
систем на едукација во основните клетки во општинските комитети на фудбалските
судии, позитивна промоција на работата на овие комитети и Судискиот комитет на
ФФМ, како основа за градење успешна домашна и меѓународна судиска кариера.
ЦЕЛИ
Запознавање на
јавноста и фудбалските судии со Правилата на фудбалската игра и измените
донесени од Меѓународниот Борд на ФИФА.
Промоција на
македонските судии преку објавувањена содржини за нивниот учество на меѓународната
сцена.
Начинот и патот
кој треба да се изоди за да се стане фудбалски судија преку запознавање со
содржините пропишани во Правилникот за судии и судење донесени од страна на
Судиската комисија на ФФМ.
Промоција на
работата на општинските комитети на фудбалски судии за приближување до
пошироката јавност.
Позитивна
промоција на работата на Судискиот комитет на ФФМ како највисоко тело на
одлучување за прашања поврзани со фудбалските судии.
Запознавање со
сложеноста и значењето на работата на судиските контролори, инструктори и
ментори во развојот на кариерата на фудбалските судии.
Развојот на судискиот
позив во Македонија низ историјата од неговите почетоци до денеска.
Заклучок:
Овие амбициозни
цели можат да се остварат само со поддршка на целокупната јавност а посебно на
фудбалските судии, контролори и секако на Судискиот комитет на ФФМ.
Блогот е отворен за
конструктивни дебати во насока на промоција, развој и напредок на позивот
фудбалски судија.
Блогот исто така
преставува само поддршка за работата на Судискиот комитет на ФФМ и неможе да ја
преземе неговата улога предвидени со Статутот на ФФМ и Правилникот за судии и
судење.
Секоја
добронамерна критика за овој блог е добредојдена за подобрување на самиот блог,
неговите соджини и исполнување на целите кои сакаме да ги постигнеме.
Би бил благодарен
исто така на секој добронамерен совет за тоа како преку објавувањето и изборот на содржините да придонесеме за зголемување на
интересот на јавноста за овој исклучуво интересен позив и на вклучување на што
повеќе пред се млади луѓе да станат фудбалски судии.
Секоја непримерна
содржина, недоличен коментар и слично ќе биде забранет и избришан од страната
на блогот во согласнот со правилата објавени на блогот.
Овој блог е
исклучиво и само наменет за објавување на содржини од сферата на фудбалското
судење и секаква промоција на поинакви содржини ќе биде оневозможена.
Со голема почит,
м-р Аце Миноски
Републички
фудбалски контролор
Скопје, 2 Август 2015 година
Нема коментара:
Постави коментар