ПРАВИЛО 8 – ПОЧЕТОК И ПОВТОРЕН ПОЧЕТОК НА
НАТПРЕВАРОТ
Дефиниција за почетен удар
Почетниот
удар е начин на почеток и повторен почеток на играта:
- на почетокот на натпреварот,
- после постигнување на гол,
- на почетокот на второто полувреме од натпреварот,
- на почетокот на секое полувреме од продолженијата, каде што роа е пропишано,
Директно
од почетен удар може да се постигне гол.
Процедура за изведување на
почетен удар
Пред да се
изведе почетен удар за почеток на мечот или за почеток на продолженијата
- се потфрла паричка и екипата која ќе погоди ја избира страната на која ќе напаѓа во првото полувреме,
- другата екипа го изведувава почетниот удар за почеток на натпреварот,
- екипата која ја погодила паричката го изведува почетниот удар за почеток на второто полувреме,
- во второто полувреме, екипите ги менуваат страните на кои што се бранат и напаѓаат на спротивните голови.
Почетен
удар
- кога екипата ќе постигне гол, почетниот удар го изведува спротивната екипа,
- играчите мора да бидат на својата половина на теренот,
- играчите од противничката екипа треба да бидат оддалечени на 9,15 метри од точката од каде што се изведува почетниот удар,
- топката мора да биде поставена на точката што го означува центарот на теренот,
- судијата мора да даде знак,
- топката е во игра кога ќе биде допрена и придвижена нанапред,
- изведувачот на почетниот удар несмее да ја допре топката пред да ја допре друг играч.
Прекршоци и санкции
Ако
играчот што го изведува почетниот удар ја допре топката пред да ја допре друг
играч:
- индиректен удар ќе изведе противничкиот тип од местото каде што била допрена топката, односно било прекршено правилото (види Правило 13 – Место на слободен удар).
Во случај
на било какви други прекршувања на процедурата на изведување на почетен удар:
- почетниот удар се повторува.
Дефиниција за судиска топка
Спуштањето
судиска топка е начин на повторен почеток на играта, кога топката била во игра,
а судијата ја прекинал играта привремено од било која причина која што не
опфатена со правилата на фудбалската игра.
Процедура на спуштање на
судиска топка
Судијата
спушта судиска топка на местото каде што таа се наоѓала во моментот на прекинот
на играта, освен ако не се наоѓала во голманскиот простор, во кој случај се
спушта судиска топка на местото на линијата паралелно со местото каде што
топката била во моментот на прекинот на играта.
Играта
продолжува кога топката ќе ја допре земјата.
Прекршоци и санкции
Спуштњето
судиска топка се повторува:
- ако биде удрена од играч пред да ја допре земјата,
- ако топката го напушти теренот за игра откако ќе ја удри земјата, но притоа да не биде допрена од било кој играч,
По
спуштањето на судиска ако топка е удрена и влезе во голот:
- ако влезе во противничкиот гол, се изведува удар од гол (голманска топка),
- ако влезе во сопствениот гол, се изведува удар од агол (корнер).
Од спуштање
судиска топка неможе директно да се постигне гол.
Извор /Source:
Laws of The Game 2015-2016 page 31-33
Нема коментара:
Постави коментар