петак, 7. август 2015.

ПРАВИЛО 1 - ТЕРЕН ЗА ИГРА

ВОВЕД

Основата на овој блог е да едуцира и да допринесе за подобро разбирање на фудбалската игра.
Во таа насока како што беше и претходно напоменато започнуваме со објавување на Правилата на фудбалската игра.
За да може да се одигра еден фудбалски натпревар потребно е да се почитуваат одредени правила и прописи, како не би настанал хаос на теренот. 
Правилата на фудбалската игра (ПФИ) се единствени и важат во сите земји членки на Светската фудбалска федерација (ФИФА). Единствено тело кое има право да ги менува и надополнува ПФИ е:

МЕЃУНАРОДЕН БОРД НА ФУДБАЛСКИТЕ АСИЦИЈАЦИИ
(THE INTERNATIONAL FOOTBALL ASSOCIATION BOARD (IFAB))


Тој е независно тело кое не е составен дел на ФИФА. 

Се состои од следните членки на Бордот:

Фудбалската асоцијација Англија
Фудбалската асоцијација Шкотска
Фудбалската асоцијација на Велс
Фудбалската асоцијација Ирска
ФИФА

(за Бордот и неговите финкции ќе следува посебен пост на блогот).

МБ ги дава следниве НАПОМЕНИ ВО ОДНОС НА ПРАВИЛАТА НА ФУДБАЛСКАТА ИГРА

Модификациикои што можат да ги применат земјите членки
Субјектите што го потпишале договорот во името на земја-членка се обврзуваат на почитување на  принципите на овие правила. Правилата може да бидат изменети во нивната примена за натпревари за играчи помлади од 16 години, за жени фудбалери, за фудбалери ветерани (над 35 години) и за играчи со пречки во развојот.

Било која или сите од следниве измени се дозволени:
• големина на полето за игра,
• големина, тежина и материјал на топката,
• ширина меѓу стативите на голот и висина на пречката од земјата,
• времетраењето на периодите на игра и
• замени на играчи.

Измени на Правилата на фудбалската игра се дозволено само со согласност на Меѓународниот Борд на фудбалските асоцијации.

Мажи и жени
Повикувањата на машкиот пол во Правилата на играта во однос на судиите, асистент судиите, играчите и службените лица е за поедноставна презентација на ПФИ, но подеднакво се однесува и за мажите и за жените.

Официјален јазик
Во име на Меѓународниот Борд на фудбалските асоцијации, ФИФА ги објавува законите на играта на англиски, француски, германски и шпански. Ако постои било каква отстапка во текстот, англискиот текст е меродавен.

Клуч
Права линија во маргина на левата страна ги покажува новите законски измени на правилото.




ПРАВИЛО 1 – ТЕРЕН ЗА ИГРА


Површината на теренот за игра
Натпреварите  може да се играат на природни или вештачки терени, во согласност со правилата на натпреварот.
Бојата на вештачките терени мора да биде зелена.
Таму каде што се користи вештачки терен, во било која конкуренција, за играње на меѓународни натпревари во клубска и репрезентативна конкуренција помеѓу земјите членки на ФИФА, теренот за игра мора да ги исполни барањата на концептот на квалитет на ФИФА за фудбалски тревници или Меѓународниот стандард за вештачка трева, доколку не се даде посебна дозвола од страна на ФИФА.

Ознаки на теренот за игра
Теренот за игра мора да биде со правоаголна форма и да биде означени со линии. Овие линии припаѓаат на теренот за игра и тие ги претставуваат неговите граници.
Подолгите линии се нарекуваат надолжни или аут линии.
Пократките линии се нарекуваат попречни или гол линии.
Теренот за игра е поделена на две еднакви половини со средишна линија, која ги спојува  двете надолжни линии во средишните точки.
Центарот е означен на средината на средишната линија. Околу центарот е обележана кружница со радиус од 9.15 м (10 yds).
Дозволено е да се направат ознаки надвор од теренот за игра, на растојание од 9.15 m (10 yds) од лакот на аголот и под прав агол на попречните линии, за да се осигура дека играчите на  одбраната ќе бидат оддалечнеи на прописно растојани при изведување на удар од агол (корнер).

Дозволени димензии натеренот за игра
Должината на надолжната (аут) линија мора да биде поголема од должината на попречната (гол) линија.

Должина (надолжна - аут линија): минимум 90 метри (100 yds)
                                                              максимум 120 метри (130 yds)

Широчина (попречна - гол линија):: минимум 45 метри (50 yds)
                                                             максимум 90 метри (100 yds)

Сите линии мора да бидат со иста ширина, кој мора да биде не повеќе од 12 см (5 in).

За меѓународни натпревари теренот за игра ги има следните димензии:
Должина (надолжна - аут линија): минимум 100 метри (110 yds)
                                                           максимум 110 метри (120 yds)

Широчина (попречна - гол линија): минимум 64 метри (70 yds)
                                                              максимум 75 метри (80 yds)

Голмански простор
Голманскиот простор го означуваат две линии нацртани под прав агол од самата гол линија, на растојание од 5.5 m (6 yds) од внатрешната страна на секој дирек од голот, и повлечени внатре во полето за игра, на растојание од 5.5 m (6 yds), меѓусебе поврзани со една линија нацртана паралелно со гол линијата. Линиите на вака означениот просторот, ограничен од страна на овие линии, и самата гол линија, припаѓаат на голманскиот простор.

Казнен простор
Голманскиот простор го означуваат две линии нацртани под прав агол од самата гол линија, на растојание од 16,5 м (18 yds) од внатрешната страна на секој дирек од голот, и повлечени внатре во полето за игра, на растојание од 16,5 м (18 yds), меѓусебе поврзани со една линија нацртана паралелно со гол линијата. Линиите на вака означениот просторот, ограничен од страна на овие линии, и самата гол линија, припаѓаат на голманскиот простор.
Просторот ограничен од страна на овие линии и самата гол линија е составен дел на казнетиот простор.
Во казнетиот простор, на растојание од 11 метри (12 yds) од средина помеѓу стативите на голот е означено местото од каде се изведува казнетиот удар (пенал).
Од оваа точка на растојание од 9.15 м (10 yds), на линијата на казнетиот простор, во теренот за игра е нацртан лак на круг со радиус од 9.15 м (10 yds).

Знамиња на аглите (корнер знамиња)
На секој од аглите на теренот за игра, каде што се спојуваат надолжната и попречната линија треба да се постават држачи со знамиња, не пониски од 1,5 m (5 стапки), со заоблени врвови. Знамиња може да се постават исто така на центарот на игралиштето, надвор од теренот за игра на растојание не помало од 1 m (1 YD).

Лак на аголот
Од секој агол на теренот, каде што се спојуваат попречната и надолжната линија, внатре во теренот за игра, се обележува лак што претставува една четвртина од круг со радиус од 1 m (1 yd).

Голови
Голот мора да биде поставен на средината од попречната (гол) линија
Голот се состои од два дирека (стативи)  еднакво оддалечени од знамињата на аголот и меѓусебно поврзани со пречка.Стативите на голот и пречката мора да бидат направени од дрво, метал или друг одобрен материјал. Тие мора да бидат со квадратна, правоаголна, кружна или елипсовидна форма која нема да претставува опасност за играчите.
Растојанието помеѓу стативите е 7,32 м (8 yds), мерено од внатрешната страна на стативатаа пречката е на растојание од 2,44 м (8 стапки) од земјата.







Позицијата на стативите на голот во однос на гол-линијата мора да биде во согласност со графиките дадени подолу:


Ако обликот на стативите на голот е квадрат (се гледа од погоре), двете страни мора да се паралелни или нормална на гол-линијата. Страните на гредата мора да се паралелни или нормална на рамнината на теренот.


Ако обликот на стативите на голот е елипсовидна (се гледа од погоре), најдолгата оска мора да биде нормална на гол-линијата. Најдолг оската на гредата треба да биде паралелна со рамнината на теренот.


Ако обликот на стативите на голот е правоаголен (се гледа од погоре), најдолгата страна мора да биде нормална на гол-линијата. Најдолгата страна од голот мора да биде паралелна со рамнината на теренот.


Двете греди и пречката имаат иста ширина и длабочина, кои не надминуваат 12 см (5 in). Надолжните линии мора да биде со иста ширина како стативите на голот и да постигнат погодок. Мрежи може да биде прикачени на голот и на теренот зад голот, под услов да се правилно потпрени и да не му сметаат на голманот.
Гредите на голот и пречката мора да биде со бела боја.

Сигурност
За поголема сигурност головите  мора да бидат безбедно фиксиран за земјата. Преносните голови може да се користат само ако го задоволат ова барање од аспект на безбедноста.

Терен за игра




Корнер знамиња



Метрични мерки на теренот за игра


Империјални (англиски) мерки на теренот за игра





Одлуки на Меѓународниот Борд

Одлука 1
Каде што е има техничка област, таа мора да биде во согласност со одобрената од Меѓународниот Борд, како што е опишано во поглавјетона овие правила со назив „Технича област“.

Одлука 2
Каде што се применува Гол-линија технологијата (Goal-line technology (GLT), модификациите на рамките на голот мора да бидат одобрени. Тие мора да бидат во согласност со спецификациите дадени од ФИФА Програмата за гол-технологија(the FIFA Quality Programme for GLT) и во согласност со описот во поглавјето „Голови„од оваа програма.


Извор/Source: FIFA Laws of The Game 2015/2016, page 3;6-14.

Нема коментара:

Постави коментар