понедељак, 24. август 2015.

ПРАВИЛО 5 - СУДИЈА




ПРАВИЛО 5 - Судија
 

Надлежност на судијата
Секој натпревар е под контрола на судијата кој има целосно овластување да ги спроведува
законите на играта во врска со натпреварот на кој тој е именуван.

Овластувања и должности
Судијата:
• ги спроведува правилата на фудбалската игра;
• го контролира натпреварот во соработка со помошниците судии, и каде што е тоа применливо, со четвртиот судија;
• потврдува дека секоја топка ги исполнува барањата на Правило 2;
• потврдува дека опремата на играчите ги исполнува барањата на Правило 4;
• го мери времето и води евиденција на натпреварот;
• го запира, привремено или трајно го прекинува натпреварот, според неговото дискреционо право, за сите прекршувања на правилата на фудбалската игра;
• го запира, привремено или трајно го прекинува натпреварот, поради надворешни влијанија од било каков вид;
• го зпрекинува натпреварот ако, според него, играчот е сериозно повреден и овозожува тој да го напушти теренот за игра. Повредениот играч може да се врати на теренот за игра само откако натпреварот ќе продолжи и по негов даден знак;
• овозможува играта да продолжи кога топката е надвор од игра, ако некој играч, според него, е само полесно повреден;
• контролира дека секој играч кој има крварење од рана, го напуштил теренот за игра. Играчот може да се врати на теренот само по добивање на знак од судијата, кој мора да се соигура дека крварењето престанало;
• овозможува играта да продолжи, кога тимот против кого е направен прекршок, ќе има корист од таква предност и го казнува првобитниот прекршок  ако очекуваната предност не се оствари за разумно време;
• го казнува потешкиот прекршок кога некој играч ќе направи повеќе прекршоци последователно;
• ќе преземе дисциплински мерки против играчите виновни за невнимателна и опасна игра. Тој не е должен да ја додели дисциплинската мерка веднаш, но мора тоа да го стори при првиот прекин на играта кога топката е надвор од игра;
• презема мерки против функционери  на екипата кои се однесуваат неспортски и може, по негово видување, да ги отсртани од теренот и неговото непосредно опкружување;
• дејствува по асистенција на помошниците судии во врска со инцидентите кои не ги видел;
• не дозволува на неовластени лица да влезат во теренот за игра;
• дава знак натпреварот да продолжи, откако претходно бил запрен од било која причина;
• доставува до соодветните органи извештај од натпреварот, кој вклучува информации за било какви дисциплински постапки против играчите и / или официјални лица како и сите други инциденти кои се случиле пред, за време и по натпреварот.

Одлуки на судијата
Одлуките на судијата во врска со фактите поврзани со играта, вклучувајќи и дали е или не е постигнат гол и резултатот од натпреварот, се конечни.
Судијата може да ја смени одлуката ако заклучи дека таа е погрешна, по негово убедување, или по совет на помошниот судија или на четвртиот судија, под услов играта да не е продолжена или да не е трајно прекинат натпреварот.

Одлуки на Меѓународниот Борд

Одлука 1
Судијата (или каде што е применливо, помошниот судија или четвртиот судија) не е одговорен за: било каков вид на штета претрпена од еден од противничките играчи, службените лица или гледачите на имот од било кој вид или било која друга загуба претрпена од било кој поединец, клуб, компанија , здружение или друго тело, кое се должи или кое може да се должи на сите одлуки кои што се преземени преземени во согласност со условите во правилата на играта, или во однос на почитување на нормалните процедури кои се потребни за да се одржи, игра и контролира еден натпревар.
Таквите одлуки може да вклучуваат:
• одлука дека состојбата на тернот за игра или неговото опкружување,  или временските услови се такви, да овозможуваат или да не овозможуваат  да се одржи натпреварот;
• одлука да се прекине еден натпревар поради било која причина;
• одлука во однос на соодветноста на опремата на теренот и топката која се користи за време на натпреварот;
• одлука да се запре или да не запре натпревар, поради пречки од гледачите или било какви проблеми меѓу гледачите на трибините;
• одлука да се запре или да не се сопре играта за да се овозможи повредениот играч да биде отстранет од теренот за укажување на лекарска помош;
• одлука за потреба од повредениот играч да биде отстранет од теренот за укажување на лекарска помош;
• одлука да овозможи или да не возможи играч да носи определена облека и опрема;
• одлука (каде што тој има овластување) да дозволи или да не дозволи никакви лица (вклучувајќи тимски официјални лица или лица задолжени за стадионот, лицата за безбедност, фотографи и други претставници на медиумите) да бидат присутни околу теренот за игра;
• било која друга одлука преземена од негова страна а која е во согласност со правилата на играта или во согласност со условите пропишани од ФИФА, конфедерациите, или членките на асоцијацијата или правилата за натпреварување, според кои се игра натпреварот.


Одлука 2
На турнири и натпревари, каде што е делегиран четврт судија, неговата улога и задачи мора да биде во согласност со насоките одобрени од страна на Меѓународниот одбор на ФА, кои се содржани во овие правила.

Одлука 3
Каде што се користи гол-линијата технологијата (GLT) (предмет на соодветните правила за натпреварување), судијата е должен да ја тестира функционалноста на технологијата пред натпреварот. Тестови треба да се ги изведе според насоките утврдени во Програмата за квалитет на ФИФА според Прирачникот за GLT тестирање. Ако технологија не функционира во согласност со Прирачникот за тестирање, судијата не смее да го користи системот за GLT и мора да го пријави тоа во својот извештај до соодветните органи за натпреварување.




Извор /Source: Laws of The Game 2015-2016 page 25-28

Нема коментара:

Постави коментар