ПРАВИЛО 17 – УДАР ОД АГОЛ (КОРНЕР)
Ударот од
агол е на чин на повторен почеток на играта.
Удар од
агол се досудува кога целата топка ќе ја помине попречната гол линија, по земја
или по воздух, а последен со неа да играл играч од одбраната, а да не е постигнат
гол во согласност со Правилото 10.
Гол може
да се постигне директно од удар од агол, но само во голот на противничкиот тим.
Постапка на изведување
·
Топката мора да биде поставена внатре во лакот на аголот
на онаа страна од каде што топката го напуштила теренот за игра,
·
Знаменцето што го означува аголот несмее да се помрднува,
·
Противничките играчи мора да бидат оддалечени 9.15 m (10
yds) од лакот на аголот се додека топката не е во игра,
·
Топката мора да биде удрена од играч на тимот што напаѓа,
·
Топката е во угра кога ќе биде удрена и ќе се помрдне,
·
Изведувачот на ударот несмее повторно да игра со топката
пред да ја допре друг играч.
Прекршување на правилото и
казни
Ударот од агол е изведен од страна на играч, освен голманот
Ако, кога топката ќе влезе во игра, изведувачот ја допира топката повторно (освен со рацете) пред да ја допре друг играч:
• индиректен слободен удар се доделува на противничкиот тим, од местото каде што бил направен прекршокот (види Правило 13 - Место на слободниот удар)

Ако, кога
топката е во игра, изведувачот ја допира топката повторно со своите раце, пред
да ја допре друг играч:
• директен слободен удар се досудува за противничкиот тим, од местото каде што бил направен прекршокот (види Правило 13 - Место на слободниот удар)
• казнен удар (пенал) се досудува доколку прекршокот бил направен внатре во казнетиот простор на изведувачот.

гол е изведен од страна на голманот
Ако, кога топката е во игра, голманот ја допира топката повторно (освен со своите раце) пред да ја допре друг играч:
• индиректен слободен удар се доделува на противничкиот тим, од местото каде што бил направен прекршокот (види Правило 13 - Место на слободниот удар)
Ако, кога топката е во игра, голманот ја допира топката повторно (освен со своите раце) пред да ја допре друг играч:
• индиректен слободен удар се доделува на противничкиот тим, од местото каде што бил направен прекршокот (види Правило 13 - Место на слободниот удар)
Ако, кога
топката е во игра, голманот ја допира топката повторно со своите раце, пред да
ја допре друг играч:
• директен слободен удар се досудува за противничкиот тим, од местото каде што бил направен прекршокот,ако тој е направен надвор од казнетиот простор на голманот (види Правило 13 - Место на слободниот удар),
• индиректен слободен удар се досудува за противничкиот тим, од местото каде што бил направен прекршокот,ако тој е направен во казнетиот простор на голманот (види Правило 13 - Место на слободниот удар).

За каква
било друга повреда на Правилата на фудбалската игра:
• ударот се повторува.
Извор
/Source: Laws of The Game 2015-2016 page 53-54• ударот се повторува.
Нема коментара:
Постави коментар