уторак, 22. септембар 2015.

ПРОЦЕДУРА ЗА ДОБИВАЊЕ ПОБЕДНИК НА НАТПРЕВАРОТ ИЛИ НА НАТПРЕВАРИТЕ КОИ СЕ ИГРААТ ДОМА И ВО ГОСТИ (РЕВАНШ НАТПРЕВАРИ)



ПРОЦЕДУРА ЗА ДОБИВАЊЕ ПОБЕДНИК НА НАТПРЕВАРОТ ИЛИ НА НАТПРЕВАРИТЕ КОИ СЕ ИГРААТ ДОМА И ВО ГОСТИ (РЕВАНШ НАТПРЕВАРИ)

Гол во гости, дополнително време од 2х15 минути и удари од белата точка се трите методи одобрени за утврдување на победникот, каде правилата за натпреварување бараат да има победник на натпреварот.

Гол во гости
Правилата на игра може да предвидат дека кога тимовите играат меѓу себе дома и на гости, ако вкупниот резултат е еднаков по вториот натпревар, секој гол постигнат на гостински терен да има двојна вредност.

Дополнително време
Правила на игра може да предвидат да се играат уште по две еднакви полувремиња, не повеќе од 15 минути секое. Ќе се применуваат условите од Правилото 8 (Времетраење на натпреварот).

Удари од белата точка (пенали) за добивање победник
Постапка
• Судијата го избира голот на која ќе се изведуваат пеналите,
• судијата фрла паричка и екипата чијшто капитен ќе погоди, одлучува дали ќе го изведува ударот како прв или втор,
• судијата ја запишува реализацијата на пеналите,
• правилата пропишуваат, двата тима да изведат по пет удари од белата точка,
• ударите се изведуваат наизменично од страна на екипите,
• ако, пред двете екипи да изведат по пет удари, едниот тим има постигнато повеќе голови отколку што другиот би можел да постигне, дури и ако ги изведе своите пет удари, не се изведуваат повеќе удари од белата точка,
• доколку, по изведените пет удари од двете екипи,и двете екипи имаат постигнато ист број на голови, или не се постигнати голови, ударите продолжуваат да се изведуваат наизменично, се додека една од екипите не постигне гол повеќе од ист број на удари,
• голман кој е повреден додека се изведуваат уддари од белата точка и не е во можност да продолжи како голман, може да се замени со резервен играч, доколку неговиот тим не го искористил максималниот број на замени дозволени според правилата за игра,
• со исклучок на горенаведениот случај, само играчите кои се на теренот за игра на крајот на натпреварот, кој го вклучува и дополнителното време од 2х15 минути кога тоа е пропишано, можат да ги изведуваат ударите од белата точка,
• секој удар е ќе биде изведен од страна на различни играчи и мора сите играчи да изведат удар од белата точка, пред било кој играч да изведе пенал по втор пат,
• било кој играч може да го промени местото со голманот во секое време,  кога е започнато изведувањето на удари од белата точка,
• само на запишаните играчи и официјалните лица им е дозволено да останат на теренот за игра, кога е започнато изведувањето на ударите од белата точка,
• сите играчи, освен изведувачот на удар и двајцата голмани, мора да останат во кругот на центарот,
• голманот кој е соиграч на изведувачот, мора да остане на теренот на игра, надвор од казнетиот простор во кој се изведуваат пеналите, на местото каде што се спојуваат попречната (гол) линија и линијата од казнетиот простор,
• доколку не е наведено поинаку, правилата на фудбалската игра и одлуки  на меѓународниот ФА одбор се применуваат при изведување на ударите од белат точка,
• ако на крајот на натпреварот и пред да почне да се изведуваат ударите од белата точка, еден тим има поголем број на играчи од своите противници, тогаш мора да се намали нивниот број за да се изедначат со оние на неговите противници, и капитенот на тимот мора да го извести судијата за името и бројот на секој играч кој ќе биде одстранет. Играчите што се одстранети поради изедначување, неможе да учествуваат во изведувањето на ударите од белата точка,
• пред почетокот на изведувањето на ударите од белата точка, судијата мора да се осигура дека има еднаков број на играчи од секој тим во рамките на кругот на центарот од теренот, и дури тогаш може да даде знак за почеток на изведувавање на ударите од белата точка.



Извор /Source: Laws of The Game 2015-2016 page 55-57

Нема коментара:

Постави коментар