уторак, 15. септембар 2015.

ИВАНА, БИЛЈАНА, ИРЕНА И ВЈОЛЦА ПОВТОРНО СУДАТ ВО ЕВРОПА, МИШЕЛ ВОТРО КОНТРОЛОР ВО СКОПЈЕ

Нашите најдобри судијки Ива Пројковска, Билјана Атанасовски, Ирена Велевачкоска и Вјолца Изеири повторно се ангажирани да судат на квалификациски турнири, овојпат на У19 во женска конкуренција.

Ивана и Билјана не претставуваат во Велс а Ирена и Вјолца судат во нашата држава.
Ивана е вече одредена да суди два натпревари како главен судија на турнирот и тоа:
Белгија - Хрватска на 15.09 и
Велс - Белгија на 20.09.

Во Македонија се игра групата во која се Македонија, европскиот првак Шведска, Црна Гора и Северна Ирска
Ирена и Вјолца веќе беа ангажирани првиот ден на натпреварот Северна Ирска и Црна Гора, а следните денови се очекува Ирена да суди како главен судија.

 Во Скопје судиски контролор на натпреварите е познатиот фудбалски судија и некогашен најдобар судија на светот Мишел Вотро. Инаку ова е негово второ гостување во Македонија после февруари кога беше ангажиран како предавач на семинарот за судии и контролори во Охрид.

Натпреварите ќе се одиграат со следниот распоред:
ФФМ тренинг центар
Северна Ирска – Црна Гора
15.09.2015
11:00 часот
ФФМ тренинг центар
Шведска – Црна Гора
17.09.2015
11:00 часот
ФФМ тренинг центар
Северна Ирска - Шведска
20.09.2015
11:00 часот
Стадион Борис Трајковски
Шведска - Македонија
15.09.2015
11:00 часот
Стадион Борис Трајковски
Македонија – Северна Ирска
17.09.2015
11:00 часот
Стадион Борис Трајковски
Црна Гора - Македонија
20.09.2015
11:00 часот

Да им поскаме среќа на нашите судијки на натпреварите што ги судат во овие квалификации.


Нема коментара:

Постави коментар