ТЕХНИЧКА ОБЛАСТ
Техничката област се однесува на натпреварите, кои се играат на стадиони со изградени места за седење за стручниот штаб и резервните играчи, како што е опишано подолу.
Иако големината и позицијата на техничките области може да се разликува помеѓу одредени стадиони, следниве забелешки се однесуваат како општи насоки:
• техничката област се протега 1 м (1 yd) на двете страни на означените места за седење на домашната и гостинската екипа (кабини за резервни играчи и стручен штаб) и се протега напред до растојание од 1 m (1 yd) од надолжната (аут) линија;
• се препорачува овој простор да се означи со посебни ознаки (најчесто испрекинати линии, а може и цела бела линија);
• бројот на лица на кои им е дозволено присуството во техничка област е дефинирано со правилата за натпреварување;
• лицата во техничка област се идентификуваат пред почетокот на натпреварот, во согласност со правилата за натпреварување(лицата внесени во записникот од натпреварот);
• само едно лице, во еден момент, може да дава инструкции на тимот од техничката област;
• тренерот и другите официјални лица мора да седат во рамките на кабината, освен во посебни околности, на пример, физиотерапевтот или лекарот за да влезат во теренот за игра, со дозвола на судијата, за да се укаже помош на повредениот играч;
• тренерот и другите официјални лица во техничката област, мора да се однесуваат одговорно и пристојно.

Извор /Source: Laws of The Game 2015-2016 page 58
Нема коментара:
Постави коментар