понедељак, 14. септембар 2015.

ПРАВИЛО 15 – УФРЛУВАЊЕ (АУТ)



ПРАВИЛО 15 – УФРЛУВАЊЕ (АУТ)
Аутот е начин на повторно продолжување на играта.
Аут се досудува за противниците на играчот кој последен ја допрел топката, кога таа целата ќе ја помине надолжната линија, било по земја или во воздух.
Гол не може да се постигне директно од аут.

Постапка на изведување на аутот
Во моментот на уфрлување на топка, изведувачот:
• со лицето треба да биде завртен кон теренот за игра,
• делот од секое стапало да биде на надолжната линија или зад неа на земјата,
• да ја држи топката со двете раце,
• да ја уфрли топката од позади и над главата,
• да ја уфрли топката од местото каде што го напуштила теренот на игра.
Сите противнички играчи мора да бидат на не помало растојани од 2 м (2 yds) од местото од кое се изведува аутот.
Топката е во игра кога ќе влезе во полето на игра.
По уфрлувањето на топка, изведувачот не смее да ја допире топката повторно се додека не
ја допре друг играч.

Порекршување на правилото и санкции
Аут е изведен од страна на играч, освен голманот
Ако, кога топката е во игра, изведувачот ја допира топката повторно (освен со своите
раце) пред да ја допре друг играч:
• индиректен слободен удар се доделува на противничкиот тим, од местото каде што бил направен прекршокот (види Правило 13 - Место на слободниот удар)
Ако, кога топката е во игра, изведувачот ја допира топката повторно со своите раце, пред да ја допре друг играч:
• директен слободен удар се досудува за противничкиот тим, од местото каде што бил направен прекршокот (види Правило 13 - Место на слободниот удар)
• казнен удар (пенал) се досудува доколку прекршокот бил направен внатре во казнетиот простор на изведувачот.

Аутот е изведен од страна на голманот
Ако, кога топката е во игра, изведувачот ја допира топката повторно (освен со своите раце) пред да ја допре друг играч:
• индиректен слободен удар се доделува на противничкиот тим, од местото каде што бил направен прекршокот (види Правило 13 - Место на слободниот удар)

Ако, кога топката е во игра, изведувачот ја допира топката повторно со своите раце, пред да ја допре друг играч:
• директен слободен удар се досудува за противничкиот тим, од местото каде што бил направен прекршокот,ако тој е направен надвор од казнетиот простор на голманот (види Правило 13 - Место на слободниот удар),
• индиректен слободен удар се досудува за противничкиот тим, од местото каде што бил направен прекршокот,ако тој е направен во од казнетиот простор на голманот (види Правило 13 - Место на слободниот удар).

Ако противничкиот играч неспортски го оневозможува или го попречува изведувањето на уфрлувањето:
• тој ќе биде опоменат со жолт картон поради неспортско однесување.

За каква било друга повреда на Правилата на фудбалската игра:
• аутот ќе го изведе играчот на противничкиот тим.

Извор / Source: Laws of The Game 2015-2016 page 49-50

Нема коментара:

Постави коментар