среда, 23. септембар 2015.

ЧЕТВРТИ СУДИЈА И РЕЗЕРВНИ ПОМОШНИ СУДИИ



 ЧЕТВРТИ СУДИЈА И РЕЗЕРВНИ ПОМОШНИ СУДИИ

• Четвртиот судија може да биде именуван според правилата за натпревари и го суди натпреварот наместо било кој од трите официјални делегирани судии, од разни причини, не може да продолжи да го суди натпреварот, освен ако не е назначен резервен судија. Тој му помага на судијата за цело време на натпреварот;
• пред почетокот на натпреварувањето, организаторот (федрацијата) дава јасни насоки, ако судијата не може да продолжи да го суди натпреварот, четвртиот судија ќе ја преземе должноста на судијата или помошниот судија доколку има повисока  од четвртиот судија, ќе ја преземе улогата на главниот судија, додека четвртиот судија ќе ја извршува должноста на помошен судија;
• четвртиот судија помага пред, за време и по натпреварот, на главниот судијата во извршувањето на административните должности;
• тој е одговорен за извршување на замените на играчите за време на натпреварот;
• тој има овластување да ја провери опремата на резервните играчи, пре да влезат како замени на теренот за игра. Ако нивната опрема не е во согласност со правилата на играта, тој го известува судијата и не дозволува да биде извршена замената;
• тој врши проверка на резервните топки, каде што е тоа потребно. Ако топката што е на теренот треба да биде заменета за време на натпреварот, тој обезбедува уште една топка, по инструкции на судијата, и го сведува времето на замена на минимум;
• тој му помага на судијата да го контролира натпреварот во согласност со правилата на играта. Судијата, сепак, го задржува правото на надлежност да одлучуваат за сите настани поврзани со играта;
• по завршувањето на натпреварот, четвртиот судија мора да поднесе извештај до соодветните органи за какво било несоодветно однесување или други инцидентот што се случи надвор од видокругот на судијата и на помошните судии. Четвртиот судија мора да се консултира со судијата и неговите помошници пред да се направи секој извештај (пред да се состави записникот на натпреварот);
• тој има овластување да го извести судијата за неодговорно однесување на кој било од официјалните лица и резервните играчи во техничката област;
• резервнии судии исто така може да бидат именувани во согласност со правилата за натпреварување. Нивната должност е да го заменат помошниот судија кој не е во можност да го продолжи натпреварот или да го замена четвртиот судија, ако тоа се бара од нив.

Извор /Source: Laws of The Game 2015-2016 page 59

Нема коментара:

Постави коментар