недеља, 30. август 2015.

ПРАВИЛО 11 – ОФСАЈД

ПРАВИЛО 11 – ОФСАЈД

Офсајд позиција
Нема прекршување на правилото со самото тоа што играчот се наоѓа во офсајд позиција.
Играчот се наоѓа во офсајд позиција ако:
·        ако е поблиски до противничката гол линија пред топката и пред претпоследниот противнички играч.
Играчот не е во офсајд позиција ако:
·        ако се наоѓа на својата половина од теренот за игра,
·        тој е во исто ниво (во линија) со препоследниот противнички играч,
·        тој е во исто ниво (волинија) со последните двајца играчи на противничката екипа.

Напаѓачот се казнува
Играчот во офсајд позиција се казнува само ако, во моментот кога топката ќе ја допре или ќе игра со неа играч од неговиот тим, а тој е, според мислењето на судијата, вклучен во активна игра со тоа што:
• се вмешува во играта или
• се вмешува со противникот или
• стекнува предност со самото тоа што се наоѓа во таа позиција.

Напаѓачот не се казнува
Играчот не се казнува кога е во офсајд позиција само ако прими топка директно од:
·        удар од гол (голманска топка),
·        уфрлување (аут),
·        удар од агол (корнер).

Прекршување на правилото и казна
Кога играта е прекината заради офсајд, судијата ќе ја продолжи со досудување на индиректен слободен удар за противничката екипа, од местото каде што во моментот на прекршокот, се наоѓа играчот што го направил прекршокот (погледнете Правило 13 – Место од каде се изведува слободен удар).

Извор /Source: Laws of The Game 2015-2016 page 36

ПРАВИЛО 10 – ПОСТИГНУВАЊЕ ГОЛ

ПРАВИЛО 10 – ПОСТИГНУВАЊЕ ГОЛ

ПОСТИГНУВАЊЕ ГОЛ

Голот е постигнат кога целата на топката ќе ја помине гол линија, меѓу гредите на голот и под пречката, под услов претходно да нема повреда на правилата на играта од страна на екипата што го постигнува голот.


ЕКИПА, ПОБЕДНИК НА НАТПРЕВАРОТ
Екипата што ќе постигне повеќе голови во текот на натпреварот е победник.
Ако двете екипи постигнат ист број на голови, или нема голови на натпреварот, натпреварот е нерешен.

НАТПРЕВАРУВАЧКИ ПРАВИЛА
Кога правилата за натпреварување бараат победникот од натпреварите да се добие со одигрување натпревар дома и во гости, единстевена процедура за добивање победник е таа пропишана од Меѓународниот Борд, и таа пропишува:
  •         правило на постигнат гол во гости,
  •         дополнително време (продолженија),
  •         удари од белата точка (пенали).


ГОЛ ЛИНИЈА ТЕХНОЛОГИЈА (GLT – goal-line technology)
ГЛТ (GLT) се користи со цел да се утврди дали е постигна гол како поддршка на одлуката на судијата.
Користењето на ГЛТ мора да биде пропишано со Правилата за натпреварување на асоцијацијата.
Извор /Source: Laws of The Game 2015-2016 page 35

ПРАВИЛО 9 – ТОПКА ВО ИГРА И НАДВОР ОД ИГРА

ПРАВИЛО 9 – ТОПКА ВО ИГРА И НАДВОР ОД ИГРА

Топка е надвор од игра
Топката е вон игра кога:
·        кога целата топка ќе ги помине надолжната или гол линијата,по земја или во воздух,
·        кога играта ќе биде запрена од судијата.

Топка е во игра
Топката е во игра во сите други случаи, вклучувајќи и кога:
·        ќе се добие од дирекот, пречката или знаменцето во аголот (корнер знамето) и ќе остана на тренот за игра,
·        ќе се одбие од судијата или од помошниот судија кога тој се наоѓа на теренот за игра.








Извор /Source: Laws of The Game 2015-2016 page 34

ПРАВИЛО 8 – ПОЧЕТОК И ПОВТОРЕН ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРОТ

ПРАВИЛО 8 – ПОЧЕТОК И ПОВТОРЕН ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРОТ

Дефиниција за почетен удар
Почетниот удар е начин на почеток и повторен почеток на играта:
  • на почетокот на натпреварот,
  • после постигнување на гол,
  • на почетокот на второто полувреме од натпреварот,
  • на почетокот на секое полувреме од продолженијата, каде што роа е пропишано,

Директно од почетен удар може да се постигне гол.

Процедура за изведување на почетен удар
Пред да се изведе почетен удар за почеток на мечот или за почеток на продолженијата
  •     се потфрла паричка и екипата која ќе погоди ја избира страната на која ќе напаѓа во првото полувреме,
  •         другата екипа го изведувава почетниот удар за почеток на натпреварот,
  •         екипата која ја погодила паричката го изведува почетниот удар за почеток на второто полувреме,
  •         во второто полувреме, екипите ги менуваат страните на кои што се бранат и напаѓаат на спротивните голови.


Почетен удар
  •         кога екипата ќе постигне гол, почетниот удар го изведува спротивната екипа,
  •         играчите мора да бидат на својата половина на теренот,
  •         играчите од противничката екипа треба да бидат оддалечени на 9,15 метри од точката од каде што се изведува почетниот удар,
  •         топката мора да биде поставена на точката што го означува центарот на теренот,
  •         судијата мора да даде знак,
  •         топката е во игра кога ќе биде допрена и придвижена нанапред,
  •         изведувачот на почетниот удар несмее да ја допре топката пред да ја допре друг играч.


Прекршоци и санкции
Ако играчот што го изведува почетниот удар ја допре топката пред да ја допре друг играч:
  •         индиректен удар ќе изведе противничкиот тип од местото каде што била допрена топката, односно било прекршено правилото (види Правило 13 – Место на слободен удар).


Во случај на било какви други прекршувања на процедурата на изведување на почетен удар:
  •         почетниот удар се повторува.


Дефиниција за судиска топка
Спуштањето судиска топка е начин на повторен почеток на играта, кога топката била во игра, а судијата ја прекинал играта привремено од било која причина која што не опфатена со правилата на фудбалската игра.

Процедура на спуштање на судиска топка
Судијата спушта судиска топка на местото каде што таа се наоѓала во моментот на прекинот на играта, освен ако не се наоѓала во голманскиот простор, во кој случај се спушта судиска топка на местото на линијата паралелно со местото каде што топката била во моментот на прекинот на играта.

Играта продолжува кога топката ќе ја допре земјата.

Прекршоци и санкции
Спуштњето судиска топка се повторува:
  •         ако биде удрена од играч пред да ја допре земјата,
  •         ако топката го напушти теренот за игра откако ќе ја удри земјата, но притоа да не биде допрена од било кој играч,


По спуштањето на судиска ако топка е удрена и влезе во голот:
  •         ако влезе во противничкиот гол, се изведува удар од гол (голманска топка),
  •         ако влезе во сопствениот гол, се изведува удар од агол (корнер).

Од спуштање судиска топка неможе директно да се постигне гол.

Извор /Source: Laws of The Game 2015-2016 page 31-33


петак, 28. август 2015.

ТЕМЕЛКОВ ВО ТУРНОВО, ГОЦЕВСКИ ВО ПРИЛЕП

5.Коло Прва МФЛ 15/16 (САБОТА)

Игралиште:  Стадион „Борис Трајковски“Маџари, Скопје Датум:29.08.2015  Време:16:30
Натпревар: ФК МЕТАЛУРГ АД - ФК МЛАДОСТ
Судијата:Мечкаровски Димитар (Скопје)
1. помошен судија:Неделкоски Дејан (Скопје)
2. помошен судија:Петрески Гоце (Скопје)
Четврт судија:Пројкоска Ивана (Скопје)
Контролор:Идризи Аднан (Тетово)
Делегат: Насевски Антонио (Кратово)

Игралиште: Градски стадион Кочани Датум:29.08.2015 Време:16:30
Натпревар: ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД - ФК ВАРДАР АД
Судијата:Јакимосвски Дејан копје)
1. помошен судија:Ширилов Игор копје)
2. помошен судија:Стојанчевски Марјан копје)
Четврт судија:Влахо Константинкопје)
Контролор: Ристески Марјан (Кичево)
Делегат: Чубриновски Златко (Скопје)

Игралиште: Стадион КУКУШ  Датум:29.08.2015 Време:16:30
Натпревар: ФК ХОРИЗОНТ ТУРНОВО АД - ФК ШКЕНДИЈА АД
Судијата:Темелков Зоранчо (Кавадарци)
1. помошен судија:Кировски Марјан (Скопје)
2. помошен судија: Костадинов Дејан (Скопје)
1. дополнителен: Ицев Тоше (Кавадарци)
2. дополнителен:Костенчев Никола (Скопје)
Четврт судија:Божиновски Никола(Скопје)
Контролор:Јакимовски Делчо (Скопје)
Делегат: Шалев Тони(Кавадарци)

Игралиште: Стадион Гостивар  Датум:29.08.2015  Време:16:30
Натпревар: ФК РЕНОВА АД - ФК ШКУПИ- 1927
Судијата: Стојанов Стојанче (Штип)
1. помошен судија:Караколев Никола (Штип)
2. помошен судија:Иванов Сашо (Штип)
Четврт судија:Ристеми Валтон (Гостивар)
Контролор:Јосифов Зоран (Кавадарци)
Делегат: Реџепи Рами (Липково)

Игралиште: Ѓорче Петров  Датум:  30.08 2015 Време: 16.30 (НЕДЕЛА)
Натпревар: ФК РАБОТНИЧКИ АД - ФК СИЛЕКС АД                                                                         
Судијата: Мустафи Фатон (Тетово)
1. помошен судија:Емурли Иса (Тетово)
2. помошен судија:Ѓорѓиевски Небојша (Брвеница)
Четврт судија:Стојчевски Дарко (Скопје)
Контролор:Петковски Зоран (Велес)
Делегат: Мерков Добре (Пробиштип)


3.Коло Втора МФЛ (НЕДЕЛА)

Игралиште: Градски стадион Кичево Датум:30.08.2015 Време:16:30
Натпревар: ФК ВЛАЗЕРИМИ 77 - ФК МАКЕДОНИЈА ЃП
Судијата:Пилешков Димитар (Штип)
1. помошен судија:Саздовски Зоран (Штип)
2. помошен судија:Ѓорѓиев Ристо  (Штип)
Четврт судија:Ѓоргиев Крумислав (Штип)
Контролор: Илиоски Петре (Куманово)
Делегат: Марковски Гоце (Охрид)

Игралиште:  Стадион Гостивар Датум:30.08.2015  Време:16:30
Натпревар: ФК ГОСТИВАР - ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА  
Судијата: Ралевски Благојче (Битола)
1. помошен судија:Лозаноски Злате (Битола)
2. помошен судија:Дрнковски Николче (Битола)
Четврт судија:Митревски Тони (Битола)
Контролор:Салихи Бурханедин (Куманово)
Делегат: Пластиновски Роберт (Ресен)

Игралиште: Стадион Прилеп  Датум:30.08.2015 Време:16:30
Натпревар: ФК ПОБЕДА - ФК ПЕЛИСТЕР  
Судијата:Гоцевски Марјан (Струмица)
1. помошен судија:Димитров Горан (Кавадарци)
2. помошен судија:Гонев Илија (Неготино)
Четврт судија:Смоквоски Кирил (Прилеп)
Контролор:Сеља Илир (Скопје)
Делегат: Даниловски Крсте (Скопје)

Игралиште: Стадион Македонија Ѓ.П.  Датум:29.08.2015  Време:16:30
Натпревар: ФК ЉУБАНЦИ 1927 - ФК СКОПЈЕ                                                                                    
Судијата:Мавров Васко (Струмица)
1. помошен судија:Новачев Петар (Велес)
2. помошен судија: Станковски Ѓорѓи (Струмица)
Четврт судија:Младеновски Марјан (Скопје)
Контролор:Адеми Сафет (Скопје)
Делегат: Андонов Сашо (Свети Николе)

Игралиште: Стадион Цементарница  Датум:30.08.2015  Време:16:30
Натпревар: ФК ЕУРОМИЛК ГЛ - ФК ТЕТЕКС
Судијата: Сејменов Ристе (Струмица)
1. помошен судија:Димитриевиќ Дејан (Скопје)
2. помошен судија:Тошевски Саше (Скопје)
Четврт судија:Величков Боби (Велес)
Контролор:Ќулумовски Кире (Ресен)

Делегат: Менга Ерџан (Гостивар)